Буџетот на Тетово за 2024-та, 31 милион евра – Беса и ВМРО-ДПМНЕ се фалат, ДУИ вели крстот е единствено постигнување

December 28, 2023
1 min read

реклама


Буџетот на општина Тетово за 2024 ќе изнесува 31 милион евра, за 4 милиони евра повисок од минатата година. Според претседателот на општинскиот совет следнава година ќе биде година на градење засолништа за кучињата скитници и година на детални урбанистички планови.

„Општината има 127 детални планови и општина Тетово вели дека сите ќе се реализираат и на тој начин да се спречат дивоградбите, ако има потреба да се распределат дополнителни средства, ќе се доделат повеќе средства за овој сектор. 4 милиони денари се наменети за општинскиот инспекторат. 4 милиони за изградба на засолништа за кучињата скитници и 6 милиони денари за експропријација“, вели Бесар Дурмиши.

реклама

Од опозицијата обвинуваат дека општина Тетово и оваа година предвидела средства за партиските активисти, а велат дека 2023 ќе се памети по договорот со ВМРО-ДПМНЕ за крстот на Попова Шапка.

„Тетово и оваа година се дави во отпад, со кучиња скитници, рестрикција на водата за пиење, сообраќаен хаос, недостиг од паркинзи, крајно политизирани училишта, училишта во кои се уште се учи во три смени, корупција и непотизам и оваа година ќе се памети по тајниот договор на Биљал Касами со ВМРО за поставувањето нелегален објект, крстот на Попова Шапка“, вели Лиридон Диша.

реклама

Буџетот за 2024 на општина Тетово помина со 17 гласа ЗА. На истата седница општинскиот совет и јавните општински претпријатија поднесоа извештај за сработеното во изминатата година.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработување за 1.117 лица во здравство – ВМРО-ДПМНЕ: Ова е предизборен поткуп

Следно

Камбовски: Време е судството да каже стоп на арбитрерното однесување на партиите и на извршната власт

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop