Бучим со донација од 40.000 евра за Здравствениот дом во Радовиш го одбележа Денот на македонските рудари

August 29, 2025
1 min read

Од оваа година Бучим и Боров дол ќе бидат една компанија која се стреми да гради одржлива рударска приказна. Сите вработени по повод празникот добија парични награди.

Радовиш, 29 август 2025 година – Со свеченост во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, соработници и претставници на локалната заедница, рудниците Бучим и Боров Дол го одбележаа Денот на македонските рудари – 28 август, празник кој е симбол на трудот, посветеноста и истрајноста на рударите.

Во своето обраќање, заменик генералниот директор на Бучим и Боров Дол, г-дин Ивица Карапетров, нагласи: „Со претстојното припојување на Боров Дол кон Бучим започнуваме ново поглавје во македонското рударство. Градиме стабилна и одржлива компанија која не е насочена единствено кон производството, туку и кон луѓето – вработените и заедницата. Се залагаме за создавање на средина во која секој вработен ќе работи безбедно, ќе има можност за професионален развој и ќе придонесува кон трајна вредност за идните генерации.“

 

Во чест на празникот, Бучим ќе донира 40.000 евра на Здравствениот дом во Радовиш за целосна дигитализација на рендген машината. Со оваа донација ќе се овозможи побрза и поефикасна здравствена услуга, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон подобрување на квалитетот на живот за локалната заедница.

Сите вработени во компанијата и оваа година добија парични награди за својот придонес во успехот, а 24 најуспешни беа одликувани со дополнителни бонуси како признание за нивните извонредни резултати, труд и посветеност. Наградите и признанијата се дел од стратегијата на „Бучим“ за вреднување на човечкиот капитал како најважен ресурс во рударството.

Радовиш и Бучим секоја година на 28 август потсетуваат на историскиот Штрајк на рударите во Лојане во 1929 година – чин што остави длабока трага во борбата за достоинство и работнички права, и кој претставува вечен потсетник дека рударството е дел од идентитетот и културното наследство на македонскиот народ.

Вчерашната прослава беше заокружена со концерт на групите „Нокаут“ и „Дивље Јагоде“ во центарот на Радовиш, со што празникот доби и културна димензија, обединувајќи ја заедницата во духот на почит и благодарност кон рударите.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ИДЕИ: Еве како да го балансирате учењето и слободното време на вашите деца во новата учебна година

Следно

Шојгу: Русија е подготвена да им помогне на Талибанците во стабилизирањето на ситуацијата во Авганистан

Latest from Blog

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Проширувањето на Binance кон американските акции брзо добива на размер и веќе го надминува постојниот пазар на токенизирани акции и по опфат и по трговска активност. Нов пазарен преглед на CoinDesk покажува

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop