Брза железница Скопје – Ниш, за нејзина изградба Ковачевски и Брнабиќ ќе потпишат меморандум

November 16, 2023
1 min read

реклама


Во Белград започна вториот саем на вино, храна и туризам Wine Vision како дел од иницијативата Отворен Балкан. Саемот ќе биде отворен за пошироката јавност од петок 17-ти до недела 19 – ти ноември 2023.

Оваа година на саемот ќе учествуваат над 600 изложувачи од повеќе винарии од над 28 земји. Половината од нив се од земјите членки на Отворен Балкан, односно 260 од Србија, 74 од РСМ и 21 од Албанија.

Првиот ден од Саемот ексклузивно е посветен на професионалните посетители и средби, а досега се планирани над 3 илјади средби преку порталот на Саемот каде професионалните посетители и купувачи ќе отворат нови бизнис можности за сите производители на вино во регионот. Овие средби се можност за развој кој ќе помогне за зголемување на извозот и рекламирање на вината.

Во рамки на неговата посета во Белград, на 17 ноември, премиерот Ковачевски ќе оствари средба со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе биде потпишан и меморандум за соработка за изградба на брз железница од Ниш до Скопје, меѓи Министерствата за транспорт и врски на РСМ и Министерството за градење, сообраќај и инфраструктура на Р. Србија, за која двете земји заедно ќе побараат фондови од ЕУ. Исто така под покровителство на Владата и во организација на премиерот Ковачевски ќе се одржи манифестацијата македонска вечер во чии рамки ќе има дегустација на наши традиционални вина и храна.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Северна Македонија домаќин на првиот Регионален министерски состанок за Планот за раст на Западен Балкан

Следно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Нови детали за масовното незаконско легализирање станбени згради во Чаир

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop