Брутална пресметка во Орешани: Двајца мажи тепале човек со клешти, тој завршил во животозагрозувачка состојба

July 26, 2025
1 min read

Двајца мажи, на возраст од 39 и 31 година, се осомничени за обид за убиство во село Орешани, откако физички нападнале човек кој го сомничеле дека украл лубеници од нивно земјиште. Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е покрената истрага за кривично дело насилство.

Инцидентот се случил на 24 јули, кога оштетениот се движел со свој автомобил од Петровец кон селото Таор. Осомничените го следеле со товарно возило, а кога тој влегол во дворот на куќата на својот внук во Орешани, насилно го извлекле од возилото и започнале да го тепаат.

„Едниот од осомничените користел тупаници и шамари, додека другиот извадил водоводџиски клешти и со нив продолжил да го удира додека оштетениот не изгубил свест“, велат од Обвинителството.

Жртвата е хоспитализирана на Клиниката за неврохирургија во Скопје и е во животозагрозувачка состојба. Насилството го видел и внукот на оштетениот, кој бил присутен во дворот, а од Обвинителството велат дека овој настан предизвикал чувство на страв и несигурност и кај сведокот и кај пошироката јавност.

Поради сериозноста на делото и опасноста од повторување или бегство, обвинителството побара од судот да им биде определен притвор на осомничените.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силна експлозија пред станбена зграда во Солун, двајца повредени

Следно

Лишени од слобода 12 лица во гевгелиско, кај нив пронајдена дрога

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop