Бројот жртви во пожарот во турскиот ски-центар се искачи на 76

January 21, 2025
1 min read

Бројот на загинатите во пожарот во зимското одморалиште во турската провинција Болу се искачи на 76, соопшти во вторникот вечерта министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

 

„Како резултат на пожарот во одморалиштето Карталкаја, загинаа 76 лица“, објави тој.

Во Карталкаја, познат турски ски-центар на надморска височина од 2.200 метри, синоќа околу 3 часот и 30 минути избувнал пожар во ресторанот. Хотелот бил полн 80–90% поради празниците, а таму престојуваа 237 гости. Откако бил забележан пожарот, известен е и телефонскиот центар на 112, додека персоналот на хотелот започнал трка со времето за евакуација на гостите. Во хаотична ситуација, туристите се разбудиле и брзо почнале да го напуштаат хотелот.

На местото на настанот се повикани бројни противпожарни служби од Болу и Гереде, како и полиција, жандармерија, екипи на АФАД и медицински персонал. Пожарникарите пристигнале на местото на настанот за 40-45 минути и почнале да се борат со пламените јазици. Но, поради дрвената конструкција на објектот, пожарот брзо се проширил низ целиот објект.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина легендарната ТВ спикерка Снежана Липковска

Следно

ВИДЕО: Решен е проблемот пријавен во Thirre21, троседите се отстранети од Паркот во Чаир

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop