Бројот загинати во бомбашкиот напад во Пешевар достигна 44, голем број од ранетите во критична состојба

January 30, 2023
1 min read

Бројот на загинатите во денешниот бомбашки напад врз џамија во полициски комплекс во пакистанскиот град Пешавар се искачи на најмалку 44, соопштија официјални лица, додавајќи дека повеќе од 150 луѓе се ранети.

Нападот што е еден од најсмртоносните против пакистанските безбедносни сили последните години, го изврши бомбаш-самоубиец, при што од детонацијата на експлозивот се урнал покривот на џамијата врз верниците, од кои повеќето биле полицајци.

Во момент на нападот во џамијата имало околу 300 верници. Локалните здравствени власти соопштија дека многу од ранетите се во критична состојба, што значи дека бројот на жртвите не е конечен.

Полициски службеник појасни дека бомбашот се разнел додека бил меѓу верниците. Не е јасно како бомбашот успеал да влезе во комплексот ограден со ѕидови во кој се наоѓа седиштето на полицијата – сето тоа во зона со висока безбедност, која вклучува и други објекти на централната власт.

Сарбакаф Мохманд, еден од командантите на пакистанските талибанци, ја презеде одговорноста за нападот преку објава на Твитер, но главниот портпарол на вооружената група се уште не се произнел по однос инцидентот.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украинската влада им забрани на функционерите да одат на одмор во странство за време на руската инвазија

Следно

Кусари: Косовската Влада нема конфликт со САД за ЗСО

Latest from Blog

Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ

Претседателката на ДКСК осомничена во случајот Адитив – одобрени мерки за претпазливост

Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, осомниичена во предметот „Адитив“. Кривичниот суд попладнево го прифати барањето на обвинителството за организиран криминал и корупција и одобри привремено одземање на патната

Санкциониран возач кој со возило се движел по велосипедска патека во скопски Бутел

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” ве известуваме дека
Go toTop