Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 19.667

1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на палестински жртви од израелските напади од 7 октомври врз Појасот Газа се искачи на 19.667, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, пренесува Анадолу.

Портпаролот на Министерството, Ашраф ал-Кудра, додаде дека 52.586 лица се повредени во израелските напади.

„Болниците во јужниот дел на Газа веќе не се во можност да сместат повеќе повредени луѓе“, рече портпаролот на прес-конференцијата.

Ал-Кудра рече дека 99 лица од медицинскиот персонал се држени од израелските сили во тешки услови.

„Меѓу приведените се и директорите на болниците Ал-Шифа, Ал-Адва и Камал Адван“, додаде тој.

Израелските воздушни и копнени напади врз Појасот Газа од нападот на Хамас на 7 октомври го оставија Појасот Газа во урнатини со половина од станбениот фонд на крајбрежната територија оштетен или уништен, а речиси 2 милиони луѓе се раселени во густо населената енклава поради недостиг на храна и чиста вода.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел изнесува речиси 1.200, додека повеќе од 130 заложници остануваат во заробеништво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи оствари средба со својот ирачки колега во Анкара

Следно

Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование

Latest from Blog