Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа достигна 22.600

January 5, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 162 Палестинци загинаа, а 296 се повредени во последните 24 часа во нападите на израелските сили врз опколениот Појас Газа, соопшти денес Министерството за здравство во блокираната енклава, јавува Анадолу.

„Израелската окупација во текот на изминатите 24 часа спроведе 15 масакри врз семејства во Појасот Газа, во кои загинаа 162 лица, а 296 се повредени“, истакна Министерството.

Бројот на Палестинци загинати во тековните напади на израелската војска врз Газа од 7 октомври се искачи на 22.600, а 57.910 се повредени, објави Министерството.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври.

Властите тврдат дека во нападите на Хамас загинале околу 1.200 Израелци.

Израелските напади ја оставија Газа во урнатини, со 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена, со раселени речиси 2 милиони жители, и со сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Ѓорче Петров домаќин на Бадниковата поворка

Следно

Контролaтa на летање најавува генерален штрајк: Терористички чин е вчерашниот упад во зградата на М-НАВ

Latest from Blog

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,
Go toTop