Бројот на загинати чекајќи во ред за храна и помош во Појасот Газа се зголеми на 560

1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на Палестинците убиени од израелската армија додека чекале храна и хуманитарна помош во Појасот Газа кој е погоден од глад, се зголеми на 560, известува Анадолу.

Израел кој продолжува со масакрите во Појасот Газа, во исто време, ја вовлече Газа, дом на приближно 2,3 милиони Палестинци, во глад поради блокадите што ги наметна недозволувајќи влез на хуманитарната помош.

Гладта ​​во северниот дел на Газа од ден на ден се зголемува, бидејќи израелската армија одбива да им дозволи влез на речиси сите камиони со хуманитарна помош.

Мустафа Баргути, член на палестинскиот законодавен совет, на својот профил на социјалната мрежа на X објави дека 560 жители на Газа биле убиени од израелските сили додека чекале храна и хуманитарна помош.

Најмалку 32.226 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од октомври, соопшти денес Министерството за здравство во опколената палестинска енклава.

Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој Тел Авив вели дека се убиени речиси 1.200 Израелци, но според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ), со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, каде што постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

По обвинението за геноцид што ја поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Во ЕУ започна дебата за олеснување на процесот на проширување

Следно

Полска ќе бара објаснување од Русија за нарушувањето на нејзиниот воздушен простор

Latest from Blog