Бројот на гласачи за 1,3 милиони поголем од бројот на жители: Албанија оди на избори

January 7, 2025
1 min read

Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа објави дека во единствениот избирачки список, за парламентарните избори на 11 мај, запишани се над 3.7 милиони граѓани со право на глас.

-Министертвото ги почна подготовките за претстојните општи избори. Според граѓанската евиденција во единствениот избирачки список се наоѓаат 3.721.116 лица со право на глас. Од вкупниот број 50,5 отсто се мажи додека 49,5 отсто жени. До овој момент во списокот не се запишани уште 4.536 лица над 100-годшна возраст, кои веќе наполнле или ќе наполнат до 11 мај, денот на изборите, рече Хоџа.

Доколку се направи споредба со резултатите од пописот произлегува дека бројот на гласачи е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој според пописните резултати изнесува 2.402.113.

Хоџа информираше дела ќе се гласа на 5.050 избирачки места, а како и за другите изборни циклуси, дел од полициските службеници, што ќе бидат ангажирани во транспорт на гласачкиот материјал и безбедноста на избирачките места, ќе следат соодветна обука.

За првпат на овие избори можност да гласа се дава и на албанска дијаспора. Албанските граѓани кои живеат надор од земјата за да го остварат правото на глас ќе може на посебна платформа да се пријават од 11 овој месец. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божик во услови на сиромаштија и тежок живот

Следно

Претставници на Соборниот храм на верниците им посакаа здравје, мир и единствo

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните
Go toTop