Бројни полициски сили распоредени во Нови Сад

November 5, 2024
1 min read

Во Нови Сад во пресрет на вечерашниот протест е присутна бројна полиција. Џипови и теренци се во дворот на градското собрание на Нови Сад, јави Бета.

Исто така, голем број вакви возила се паркирани на булевар во близина на киното Арена.

Станува збор за локација која се наоѓа во близина на градското собрание и комплексот Бановина, односно зградата на покраинската влада.

Истовремено, советниците од опозицијата на социјалните мрежи споделуваат видеа на кои се гледа како голем број униформирани полицајци во колона влегуваат во Градското собрание.

Поранешниот претседател на Владата на Војводина, Бојан Пајтиќ, на социјалните мрежи објави предупредување дека Српската напредна партија (СНС) регрутира навивачи за да предизвикаат инциденти на вечерашниот митинг.

„Прогресивците им делат бејзбол палки на навивачите во Нови Сад и им наложуваат да кршат излози и да предизвикаат материјална штета за време на протестот. Тоа се истите групи кои некогаш ги нападнаа демонстрантите во близина на Мостот Слобода“, напиша Пајтиќ.

Почетокот на протестот во Нови Сад е закажан за 18 часот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Камала Харис или Доналд Трамп – Американците пред избор за нов шеф на Белата куќа

Следно

Мисајловски учествуваше на конференцијата „НАТО – 75 години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop