Британскиот премиер Стармер во посета на Вашингтон за разговори со Бајден

September 13, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер денес пристигна во Вашингтон за клучна средба со американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Анадолу.

Според соопштението од Даунинг стрит 10, средбата „ќе се фокусира на стратегијата и начините за постигнување напредок кон долгорочни решенија за двата конфликти“.

Конкретно, лидерите ќе разговараат за континуираната поддршка за Украина, како и за напорите за постигнување прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа.

Лидерите се очекува да се осврнат и на поширок спектар на меѓународните предизвици. Разговорите ќе го опфатат напредувањето кон „слободен и отворен Индо-Пацифик“, унапредување на соработката меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Британија за безбедноста на синџирот на снабдување и за зајакнувањето на борбата против климатските промени во услови кога двете земји се соочуваат со растечки закани од глобалното затоплување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември

Следно

Јаневска: Македонија не може да се пофали со целосна инклузија на сите луѓе во образовниот систем

Latest from Blog

Челзи ќе го промовира Чаби Алонсо уште викендов?!

ФОТО: Real Madrid FC/FB И дефинитивно Челзи и Чаби Алонсо се поблиску до договор. Еден од порелевантните англиски весници – „Гардијан“, објави дека играчите на Челзи се возбудени околу идејата да соработуваат

Меџити: Без жените нема силно општество и успешна политика

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки

Трамп до Си: Чест ми е да бидам твој пријател

Тој рече дека САД и Кина имаат „фантастичен однос“ и дека брзо ги решавале проблемите во минатото. „Секогаш кога имавме проблем, луѓето не го знаеја, ние го решававме многу брзо. Имаме фантастична
Go toTop