Британскиот премиер Стармер: Потребен е итен и дефинитивен прекин на огнот во Газа

July 7, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рекол дека е неопходен итен и дефинитивен прекин на огнот во Газа, пренесува Анадолу.

Новиот премиер Стармер имал одвоени телефонски разговори со Нетанјаху и со палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопшти Кабинетот на британскиот премиер.

Нетанјаху и Стармер во текот на разговорот се осврнале на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Стармер изјавил дека ќе ја продолжи британско-израелската соработка.

Наведувајќи дека развојот на случувањата на израелско-либанската граница се загрижувачки, Стармер нагласил дека е потребен итен и дефинитивен прекин на огнот во Газа, дека заробениците треба веднаш да бидат ослободени, а хуманитарната помош да биде зголемена со цел да се задоволат потребите.

Стармер ја нагласи важноста од исполнување на потребните услови за дводржавното решение и финансиска поддршка за ефективно функционирање на палестинската управа.

Во соопштението по повод разговорот со Абас се наведува:

„Премиерот Стармер го информираше претседателот Абас за приоритетните прашања како што се обезбедување на прекин на огнот, ослободување на заробениците, доставата и зголемувањето на хуманитарната помош и финансиската поддршка за палестинската управа.“ Говорејќи за обезбедување на меѓународниот легитимитет на Палестина, премиерот рекол дека политиката на признавање на Палестина, која долго ја поддржуваат за да се придонесе за мировниот процес, не е променета, и дека тоа е неспорно право на Палестинците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

7.7. НАЈМАГИЧНИОТ ДЕН ВО МЕСЕЦОТ – Подгответе се за моќни вибрации, денес многумина ќе доживеат невидени промени

Следно

Турските сили неутрализираа пет терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop