Британски товарен брод оштетен во напад со дронови кај брегот на Јемен

February 6, 2024
1 min read

Британски товарен брод бил оштетен од напад со беспилотно летало во Црвеното Море во близина на брегот на Јемен во текот на ноќта, соопшти поморската безбедносна компанија Амбри.

Бродот под знамето на Барбадос претрпел „мали оштетувања“, се вели во соопштението.

Британската агенција за поморска безбедност УКТМО соопшти дека бродот бил оштетен кога бил на 57 наутички милји или околу 105 километри, западно од пристаништето Ходеида, контролирано од Хутите.

Соединетите Држави синоќа извршија нов напад врз Хутите во Јемен, при што беа насочени два беспилотни летала со експлозив, соопшти американската команда за Блискиот Исток (Центком).

Американските сили ги засилија операциите во Јемен и во близина на брегот на земјата разурната од војна, со цел да ги заштитат бродовите во Црвеното Море и Аденскиот Залив од нападите на Хутите.

Бунтовниците Хути ги поддржуваат Палестинците во Газа, каде Израел се бори против исламистичкото движење Хамас.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, има и жртви

Следно

Скопје најзагаден град во Европа

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop