Британски медиуми: Парите од криминал албанските криминалци со комбиња ги пренесуваат од Велика Британија во Албанија

April 5, 2025
1 min read

Насилни албански криминалци со комбиња ги изнесуваат од Велика Британија заработените валкани пари , купуваат „ролекси“ на курири кои се преправаат дека се лажни туристи и ги префрлаат парите во Албанија, за да ги искористат за луксузен живот, објавија албанските медиуми повикувајќи на написи во британски „Дејли мејл“.

Весникот пишува дека на крајот на минатата година во затворите во Велика Британија имало 1.099 Албанци, меѓу кои и осудени за убиство, силување, перење пари, шверц на луѓе и лидери во балканската мафија.

-Според информациите на Националната агенција за криминал (НЦА), албанските банди кои дојдоа во Велика Британија за да ја преземат контролата врз британската трговија со дрога го направија тоа со директно преговарање со колумбиските картели и поткопување на криминалните ривали за да ги преплават британските улици со евтин кокаин, додава весникот.

НЦА минатата година склучи договор со албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал(СПАК),  со цел да се спречи трансфер на пари во Албанија, добиени од криминал и да врши истрага околу имотот на Албанците осудени во Велика Британија.

Во 2010 година, само 1,5 отсто од странските државјани затворени во Англија и Велс беа Албанци, но на крајот на 2024 година, Албанците се 10,6 отсто од затворениците, повеќе од која било друга странска националност.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јувентус го раскинува договорот со Милик

Следно

Од понеделник Каја Калас во прва посета на Западен Балкан

Latest from Blog

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува
Go toTop