Британската министерка Купер избегна директен одговор за можноста за апсење на Нетанјаху и Галант

November 22, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британската министерка за внатрешни работи Ивет Купер денес не одговори директно на прашањето дали Велика Британија ќе ги уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант доколку стапнат на британска територија, јавува Анадолу.

Одговарајќи на прашања од Скај њуз, таа рече: „Тоа не е прашање за мене како министерка за внатрешни работи. Меѓународниот кривичен суд (МКС) е секако независен и ние ги почитуваме неговата независност и улогата што ја има.“

„Но во огромното мнозинство истраги на меѓународните кривични судови тие никогаш не станале предмет на британското владеење на правото и процесите за спроведување на законот или на британската влада, во секој случај, постојат соодветни процеси што треба да се следат, па затоа не би било соодветно да го коментирам тоа“, додаде Купер.

Таа рече дека Владата останува на ставот дека тие „веруваат оти фокусот треба да биде на прекин на огнот во Газа“, додавајќи дека фокусот мора „да продолжи да биде на воспоставување прекин на огнот“.

Купер изјави дека Велика Британија ја почитува независноста на МКС.

„Ние секогаш ја почитувавме важноста на меѓународното право. Но, како што велам, во повеќето случаи што тој ги следи, тие не стануваат дел од британскиот правен процес или процесите на британската Влада. Во оние случаи кога се прави тоа, следуваат важни процеси и затоа не би било соодветно јас како министерка за внатрешни работи шпекулативно да коментирам поединечни случаи“, рече таа.

Меѓународниот кривичен суд вчера објави дека издал налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства извршени на палестинските територии, вклучително и во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските државјани во Кина ќе патуваат без визи

Следно

Аморим ги плаши играчите на Манчестер Јунајтед: Ако не се трудите, ќе ве пратам во Бугарија!!!

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop