Бред Пит добил закани од руски тајкун: На проблемиот по Анџелина Џоли им нема крај

February 14, 2024
1 min read

Бред Пит подолго време води правна битка против рускиот тајкун Јуриј Шефлер за уделот во винаријата „Шато Миравал“, којшто глумецот ја поседуваше со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Имено, во 2021 година, Џоли му го продаде својот удел во винаријата на Шефлер во вредност од 64 милиони долари. Пит сега се обидува да го врати тоа. Во новите судски документи, глумецот тврди дека откако „тајно“ го купил уделот, Шефлер објавил соопштение за медиумите каде го објавил и нивното „партнерство“, а потоа побарал да се сретнат за да разговараат. Пит истакнува дека „на крај му се заканувале“, доколку не се согласи на соработка.

„Шефлер лично презеде чекори за унапредување на неговото наводно партнерство со Пит по затворањето на трансакцијата, пишувајќи му на Пит постојано за да го натера на согласност“, се вели во правните документи до коишто дојде „Сан“.

Откако Русинот не наишол на знаци на одобрување од Пит, наводно следеле закани врз основа на тврдењата дека „Пит лошо управува со винаријата“. Тврдењата се изнесени во Врховниот суд во Лос Анџелес.

Пит ја тужеше Џоли во февруари 2022 година поради продажбата на нивната компанија „Нувел“ и неговиот удел од 50 отсто во деловната групација „Шато Миравал“ контролирана од Шефлер. Во септември истата година, „Нувел“ го тужеше Пит и бара отштета од 350 милиони долари.

Адвокатскиот тим на Пит тврди дека Шефлер, чија деловна империја го вклучува брендот на вотката „Столичнаја“, очајно сака да заработи од „славна личност од Холивуд“. Новите судски документи тврдат дека бизнисменот „сакал да навлезе во партнерство меѓу Пит и Џоли – две познати личности кои живеат во Калифорнија“, за да профитира од славата на Пит.

Пит и Џоли го купија имотот од 1.300 хектари во Прованса, во јужна Франција, во 2008. за 28,4 милиони долари. Тие и се венчаа таму во 2014 година. Лозјето им носеше доста приходи, но и признанија за квалитет.

Поранешната холивудска двојка, која има шест деца заедно, се раздели во 2016 година. Нивниот развод сѐ уште не е финализиран, но западните медиуми пишуваат дека и тој процес е при крај – со скорешното расчистување на финансиските сметки меѓу нив двајцата. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познат е терминот кога Македонија ќе го игра првиот натпревар против Фарски Острови

Следно

Не е сеедно: Еве што открива подарокот од партнерот за неговите чувства кон вас

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop