„БРАЌА МАНАКИ“ ЌЕ ОТВОРИ СО „ПАРТЕНОПЕ“ НА СОРЕНТИНО, А ЗАТВОРА СО МАКЕДОНСКATA ПРЕМИЕРА НА „УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА“ НА ОРОВЧАНЕЦ

September 10, 2024
1 min read

Новиот филм на италијанскиот режисер Паоло Сорентино, „Партенопе“ ќе го отвори 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола, а ќе го затвори дебито на Димитар Оровчанец „Убиј ги прво децата“ . Фестивалот годинава ќе се одржува од 21 до 27 септември.

Двата филма ќе се прикажат во Официјалната селекција за наградата „Камера 300“.

Светската премиера на „Партенопе“, со Гери Олдман и Стефанија Сандрели во главните улоги, беше на годинашниот Кански филмски фестивал, а на „Убиј ги прво децата“ на Сараевскиот филмски фестивал.

„Убиј ги прво децата“ во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“, со продуцентите Атанас Георгиев и Дејан Илиев, беше поддржан со 20 милиони денари (325 илјади евра) на Конкурсот во прв рок за 2020 на Агенцијата за филм, а се снимаше во 2022 во Скопје. Во филмот играат Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски, Адриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ и други. Камерата е на Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Ина Чолак, сценографија на Калина Игновска, монтажата на Софија Самоиловска, а музиката на Игор Василев-Новоградска.

Режисерот Оровчанец, кој во 2003 го сними долгометражниот документарец „Патот на Олга“, изјави дека „Убиј ги прво децата“ е акциона комедија, приказна за тројца тинејџери, една надмена балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот луциден најдобар другар со украден пиштол, кои во едно деноноќие заглавуваат во најтемните лавиринти на криминалното подземје поради погрешно земен телефон, кој содржи компромитирачко видео.

Во програмата „Камера 300“ вкупно има 12 филмови, меѓу кои се: „Ветената земја“ на режисерот Николај Арсел, со Мадс Микелсен во главната улога, „Наставничка канцеларија“ на германскиот режисер Илкер Чатак, кој имаше номинација за Оскар во категоријата најдобар странски филм, како и „Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер кој доби два Оскара, за најдобар странски филм и за најдобар звук.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Тошковски и Рамука им приредуваат пекол на вработените на Блаце за својата вина за пропустот со Гаши

Следно

Бенјамин Лангер, кој на германски го преведе „Пиреј“ на Петре М. Андреевски, е добитник на наградата за превод „Драги“

Latest from Blog

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже
Go toTop