Брајтон верува дека Де Зерби ќе остане, тренерот се поврзува со Ливерпул, Баерн и Барселона

April 14, 2024
1 min read

Раководството на премиерлигашот Брајтон верува дека може да го задржи Роберто Де Зерби следната сезона.

Според „The ​​Athletic“, клубот се надева дека ќе го задржи италијанскиот стручњак, кој има уште две години од договорот.

Де Зерби е поврзуван со Ливерпул, Баерн Минхен и Барселона, каде тренерските позиции ќе останат празни по крајот на тековната сезона.

Претходно беше објавено дека преговорите за новиот договор на Де Зерби со Брајтон прекинаа, бидејќи фудбалскиот стручњак не е сигурен за неговата иднина во клубот. Тој ја нарече сезоната тешка и разочарувачка поради загубата на клучните играчи поради повреда. Меѓутоа, подоцна изјавил дека има намера да продолжи да работи.

– Фокусиран сум да им донесам радост на нашите навивачи уште една сезона. Да избориме место во Лига Европа или Конференциска лига во новата сезона бидејќи знам колку е тоа важно во фудбалот. Се обидувам да го постигнам ова, не знам дали ќе успееме или не. Сè уште не сум одлучил дека ќе си заминам, изјави Де Зерби.

По 32 натпревари во Премиер лигата, Брајтон е на десеттото место во поредокот, но сè уште има шанси за пласман во европските натпреварувања. Оваа сезона тимот беше елиминиран од Рома во осминафиналето на Лига Европа.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сатарот наречен Оземпик

Следно

Според Календарот на МПЦ, денеска се празнуваат овие светители

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop