Брачен пар и деветгодишно девојче загинаа во сообраќајка кај Златибор, за живот се бори уште една малолетничка

August 27, 2023
1 min read

Според првичните информации, брачниот пар на 65 и 66-годишна возраст и двете малолетни девојчиња се возеле во автомобил марка „шевролет” кога на магистралниот пат Ужице – Златибор, на Ложионскиот мост во Ужице, возачот на автомобилот излегол од колоната и преминал на спротивната страна, по што се судрил со цистерна

Тешка сообраќајна несреќа помеѓу патнички автомобил и цистерна се случи утринава околу 8 часот на патот Ужице – Златибор во Србија.

Во несреќата, како што јавуваат српските медиуми, загинаа брачен пар на 65 и 66-годишна возраст и деветгодишно девојче. Брачниот пар загинал на самото место, а девојчето им подлегнало на повредите во болница. Во животна опасност е уште едно девојче на 11-годишна возраст, кое е пренесено во болница.

Според првичните информации, четворицата се возеле во патничко возило марка „шевролет” кога на магистралниот пат Ужице – Златибор, на Ложионскиот мост во Ужице, возачот на автомобилот излегол од колоната и преминал на спротивната страна, по што се судрил со цистерна.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во одбрана на Оземпикот

Следно

Премиерот Ковачевски на средба со дијаспората во Словенија: Нашата дијаспора придонесува за афирмација на Северна Македонија на различни полиња

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop