Божиновска: Зелената транзиција е патот до почист воздух и посилна економија

June 26, 2026
1 min read

„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива.Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје, заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на денешниот состанок на Третиот управувачки комитет во рамките на Програмската рамка помеѓу Сида и УНДП. На состанокот присуствуваа министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорот на Шведска во земјава, Ола Солстром, постојаниот претставник на Развојната програма на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, како и претставници на локалната самоуправа и институции.

Изразувајќи благодарност на Шведска и УНДП за нивната континуирана поддршка, министерката Божиновска потенцираше дека взаемното партнерство ни помогнало да изградиме посилни институции, да развиеме иновативни решенија и да ги забрзаме реформите кои носат реални придобивки за нашите граѓани.

„Владата останува цврсто посветена за резултатите постигнати преку овие напори да станат дел од нашите долгорочни национални политики. Заедно, не само што се справуваме со денешните предизвици — туку градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина за Македонија“, рече министерката Божиновска.

Ова партнерство, според министерката, покажува како меѓународната соработка, националната сопственост и локалната акција можат заеднички да одговорат на едни од најголемите предизвици на денешницата: загадувањето на воздухот, климатските промени, енергетската сигурност и одржливиот локален развој.

Министерката посочи дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја става зелената транзиција во центарот на својата агенда.

„Го забрзуваме инвестирањето во обновливи извори на енергија, ги унапредуваме мерките за енергетска ефикасност и создаваме услови за постепена декарбонизација на нашата економија.Но, зелената транзиција мора да донесе видливи придобивки за луѓето. Чистата енергија значи почист воздух. Тоа значи пониски емисии, поздрави заедници и модерни општини кои се подобро подготвени да привлекуваат инвестиции и да создаваат можности за локален развој“, нагласи министерката Божиновска.

Програмската рамка Сида–УНДП, како што рече министерката Божиновска, е од особена важност бидејќиги поврзува националните приоритети со локалната акција и им помага на институциите да преминат од планирање кон имплементација, покажувајќи дека одржливи решенија се можни кога владите, општините, развојните партнери и граѓаните работат заедно.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

Следно

Николоски: Со Албанија ќе ја зајакнеме заштитата на Охридското Езеро

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,
Go toTop