Божиновска во Аргумент плус: Очекувам Законот за енергетика да се донесе до крајот на месецот

May 7, 2025
1 min read

Министерката за енергетика Сања Божиновска во Аргумент плус рече дека, очекува законот за енергетика да се донесе до крајот на месецот.

Според неа, во овој закон за прв пат ќе се воведе методологија за утврдување на реалниот број на енергетска сиромаштија.

„Законот за енергетика требаше да биде донесен до крајот на 2023 година но сега сме во финална фаза и Законот е во Собрание и се надеваме дека ќе биде донесен до крајот на месецот. Целосно имплементираме ЕУ директиви значи четвртиот пакет за енегрија ние го транспонираме во нашето законодавство. Се работеше на транспарентен начин и беа повикани сите во овој процес. Институционално прв пат се работи во министерството не дававме пари за странски консултанти. Во овој Закон за прв пат ќе имаме енергетска сиромаштија и веќе детектираме кои се критериумите. Ќе имаме финансиски и нефинансиски средства“, рече Божиновска.

Таа зборуваше и за потпишаниот договор со Грција за изградба на гасниот интерконектор.

„Можам да кажам дека денеска конечно го потпишавме договорот и тоа со македонска компанија, парите ќе останат кај нас. За овој тендер цената беше поевтина од минатиот и ова значи дека ќе имаме уште една алтернатива за снабдување гас од Грција. Рокот за изградба е 22 месеци и се надеваме дека се ќе биде завршено во рок“, додаде Божиновска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије е подготвена да направи сѐ што е во нејзина моќ за намалување на тензиите меѓу Индија и Пакистан

Следно

Болнички апарати фаќаат прашина – најавен шокантен извештај на Државниот завод за ревизија

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop