Божиновска: Целиме кон енергетска стабилност и независност преку силни инвестиции во нови производни капацитети

September 20, 2024
1 min read

Македонија е на прагот на значајни промени во енергетскиот сектор, преку поставување на темелите за енергетска независност. Во период кога глобалните енергетски предизвици се сè поприсутни, државата се соочува со потребата од модернизација на енергетската инфраструктура, како и пренасочување кон обновливи извори на енергија. Вака, реномираниот специјализиран српски  електронски медиум „Енергетски портал“ во своето магазинско издание го претставува интервјуто со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

На прашањето што ќе биде цел на новоформираното министерство, Божиновска се осврнува на плановите за иднината на Македонија на енергетски план.

„Наша основна цел е зајакнување на домашните производни капацитети во државна сопственост преку повеќегодишни и долгорочни инвестиции во енергетската инфраструктура и во капацитети кои ќе гарантираат  енергетска стабилност и независност. Планираме реализација на капитални инвестиции, што е еден од приоритетите на новата Влада. Енергетскиот сектор долго време беше запоставен, но сега ќе има посебно место, па  ќе работиме темелно со цел да стигнеме до енергетска независност. Покрај нови проекти,  планираме да го заокружиме и енергетското поврзување со соседните земји“, вели Божиновска.

Понатаму, на прашањето кој е планот за раст на обновливите извори и што е поприоритетно, дали зголемувањето на обновливите извори на енергија или модернизација на електропреносната мрежа, Божиновска смета дека двата процеси може и треба да се одвиваат паралелно.

-Ќе воведеме и задолжително користење на батерии за фотонапонските елктрани преку кои ќе се складира електричната енергија и ќе може да се искористи кога ќе биде потребна во системот. Но покрај експанзијата на фотоволтаици, планираме да балансираме преку искористување на водата , ветерот, биомаса, биогас,  кои исто така се ефикасни и нудат различен квалитет и можности за производство на енергија во различни делови од денот и годината. Токму затоа, во првите денови на новата Влада објавивме нова мегаинвестиција со изградба на ветерен парк од 400MW инсталирана моќност со монтажа на преку 50 ветерни турбини, што  претставува најголем ветерен парк во земјите на Западен Балкан, кој ќе обезбедува електрична енергија за потребите на преку 100.000 домаќинства, вели таа.

Министерката Божиновска нагласи дека во претстојниот период значајна улога кон енергетската независност ќе има и целосната гасификација на земјата и изградбата на интерконектори кон соседните земји.

Одговорајќи на новинарско прашање околу потребата од промена на регулативата во енергетскиот сектор, таа образложи дека промената на регулативата е потребна пред сè , за да го заштити интересот на граѓаните, и да создаде фер услови и пристап за секој сериозен чинител што има намера да инвестира во тој сектор.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сите патишта на македонските министри водат кон Будимпешта – И Муртезани „ќе реферира“ пред унгарските власти

Следно

Израелски војници ги фрлаат телата на убиените Палестинци од зграда на Западниот Брег

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop