Божиновска се сретна со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на САД во Македонија

August 21, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска имаше работна средба со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава Барнабас Биркланд, како и со економскиот советник во Амбасадата, Јордан Дамчевски.

Целта на средбата, информираат од Министерството за енергетика, беше меѓусебното запознавање и иницирање на разговори за можни облици на продлабочување и унапредување на економската соработка. Во фокусот на дискусијата беа заеднички иницијативи, инвестициони можности, како и продолжување на економската поддршка и партнерство.

Министерката Божиновска го потенцира значењето од партнерството со САД преку дипломатскиот економски канал.

-Ја цениме континуираната економска поддршка од Амбасадата и сме посветени на зајакнување на соработката која може да донесе конкретни резултати за развојот на македонскиот енергетски и рударски сектор, рече Божиновска.

На средбата министерката информираше и за 14-тиот Интернационален форум за енергија за одржлив развој (14-ИФЕСД), којшто во организација на Министерството за енергетика ќе се одржи од 28-30 октомври 2025 година во Скопје учество ќе земат релевантни говорници на високо ниво, што ќе ја зголеми значајноста и ефектот од форумот.

Божиновска и Биркланд се согласија дека е важно и во иднина да се развиваат координирани активности, вклучително меѓусебна размена на информации, анализа на потенцијали и поддршка со цел стимулација на економскиот развој на секторот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска и Љатифи ја зајакнуваат соработка со KfW за модернизација на енергетскиот систем

Следно

Тинејџер осуден на 10 години затвор за планирање масовно убиство

Latest from Blog

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на
Go toTop