Божиновска на UNECE Resource Management Week 2026: темел на идната енергетска политика се инклузивната транзиција и одржливото управување со ресурси

April 28, 2026
2 mins read

Присуството и учеството на Македонија на UNECE Resource Management Week 2026 уште еднаш ја потврдија стратешката позиција на државата како сигурен и кредибилен партнер во светските енергетски текови, активно придонесувајќи кон обликувањето на меѓународните политики за одржлив развој и енергетска транзиција.

Во рамки на настанот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на високопрофилен панел насловен „Social Engines of Sustainable Resource Management: Gender Equality, Intergenerational Justice, and why Extractive Legacies Matter“, каде испрати силни пораки за праведна, инклузивна и одржлива енергетска трансформација.

Во своето обраќање, Божиновска истакна дека присуството на Македонија на овој значаен меѓународен форум претставува потврда за нејзината активна улога во глобалните процеси, додека учесниците посебно ја поздравија професионалната и беспрекорна организација на 14-тиот Меѓународен форум за енергија и одржлив развој во Скопје, оценувајќи го како пример за успешно организирана меѓународна конференција од која произлегуваат нови партнерства и конкретни активности.

Божиновска нагласи дека енергетската транзиција не е само технолошки процес, туку длабока општествена трансформација која мора да се темели на еднаквост, инклузија и меѓугенерациска одговорност. Таа подвлече дека родовата еднаквост и балансот меѓу генерациите не се споредни прашања, туку суштински двигатели на одржливото управување со ресурси и енергетскиот развој.

Во своето излагање, министерката се осврна и на улогата на жените и младите во енергетскиот сектор, нагласувајќи дека иднината на индустријата ќе биде поуспешна, поиновативна и поотпорна доколку овие групи се целосно вклучени во процесите на одлучување и креирање политики.

„Кога зборуваме за енергетска транзиција, зборуваме за луѓе, за можности и за праведност. Жените и младите не се само учесници во овој процес, тие се негови носители“, истакна таа, додавајќи дека вистинскиот напредок започнува кога талентот, а не полот или возраста, е критериум за успех.

Посебен акцент беше ставен и на концептот на меѓугенерациска правда, при што Божиновска нагласи дека денешните политики мора да обезбедат долгорочна одржливост и одговорно користење на природните ресурси, со цел идните генерации да имаат повеќе, а не помалку можности. Таа посочи дека Министерството веќе активно соработува со универзитети и млади професионалци преку практикантства, партнерства и институционално вклучување, при што значителен дел од кадарот се млади луѓе, што претставува јасна насока кон инвестирање во иднината. Да создадеме систем кој не е товар за утрешнината, туку основа за нејзин развој, рече Божиновска.

Божиновска истакна дека одржливото управување со ресурси бара заедничка акција и силна меѓународна соработка, оценувајќи дека ниту една држава не може самостојно да се справи со предизвиците на енергетската транзиција. Во таа насока, таа потенцираше дека Македонија останува посветена на интеграција во европските и глобалните енергетски текови, развој на обновливи извори на енергија и зајакнување на институционалните капацитети за транспарентно и одржливо управување.

„Одржливоста не е крајна цел, туку континуиран процес кој бара визија, храброст и партнерство“, порача министерката, додавајќи дека вистинската сила на енергетската транзиција лежи во луѓето, во нивната еднаквост и во заедничката одговорност за иднината.

Со ова учество, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата определба за активно учество во глобалните процеси за одржливо управување со ресурси, праведна енергетска транзиција и унапредување на меѓународната соработка во енергетскиот сектор.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Балканска гордост во Флорида: Трпчески со концерт за паметење

Следно

Номагас: Повеќе извори значат поотпорен и посигурен енергетски систем

Latest from Blog

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот

Сали: Соработката со Турција продолжува да ги зајакнува институционалните капацитети и процесот на европска интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува

Коњановски: Светското фолклорно шаренило е најубавата промоција за Битола

Битола повторно беше место каде се сретнаа различни култури, традиции и фолклорни богатства од целиот свет. Во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием и фолклорна дружба

Општина Битола: Бесплатен автобуски превоз за 55-та Семакедонска средба во Трново

Општина Битола организира бесплатен автобуски превоз за граѓаните кои сакаат да присуствуваат на 55-та Семакедонска средба, која ќе се одржи во недела, на 2 август, кај црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во
Go toTop