Screenshot

Божиновска: Инвестиции од 5,7 милијарди евра ќе ја трансформираат енергетиката во 2026

February 2, 2026
1 min read

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на прес-конференцијатаобјави масивен циклус на инвестиции во кој се вклучени над 97 приватни компании, со вкупна проценета вредност од неверојатни 5,7 милијарди евра.

„Овој документ е конкретен, анализиран и стратешки план со кој почнува нов, масивен циклус на инвестиции во енергетиката во Македонија. Зборуваме за проекти кои ќе ја трансформираат нашата енергетска слика, ќе обезбедат стабилност и ќе ја зацврстат нашата енергетска независност. Тоа се инвестиции на 97 приватни компании, а улогата  на министерството беше да се создадат услови. Со новиот закон се воведоа нови стандарди, транспарентност и се усогласивме со европските стандарди“, истакна министерката Божиновска.

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на 27 јануари годинава го усвои Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година, а документот е објавен и во„Службен весник“.

Планот предвидува реализација на 67 нови енергетски објекти со вкупна инсталирана моќност од 4.416,8 MW. Според презентираните податоци, најголем дел од портфолиото се фотонапонски електроцентрали, 59 проекти со над 3.000 MW и проценета вредност од околу 2,1 милијарди евра. Во планот се вклучени и седум ветерни електроцентрали со 907 MW, проценета инвестиција на околу 1,18 милијарди евра, како и една когенеративна гасна централа со 495 MW за системско балансирање проценета на 445 милиони евра.

Паралелно со производствените капацитети, планот става акцент и на складирањето како клучен услов за интеграција на обновливите извори на енергија (ОИЕ) во мрежата. Најавени се 96 складишта на електрична енергија со вкупна инсталирана моќност од 2.027 MW и капацитет од речиси 5.000 MWh. Инвестиција чија вредност е проценета на близу 2 милијарди евра. Во рамки на оваа бројка се предвидени 77 интегрирани батериски системи во склоп на електроцентрали и 19 самостојни складишта.

Секој проект поминал низ ригорозна контрола и прелиминарни анализи од страна на МЕПСО и Електродистрибуција за да се гарантира стабилноста на системот. Од пристигнатите 284 барања, прифатени се само оние со комплетна документација и докажан бонитет.

„Немаше и нема да има привилегирани. Градиме плански и безбедно, а не хаотично“, децидно рече министерката.

Во националниот план се интегрирани и 56 проекти од општинските планови на седум единици на локалната самоуправа: Македонски Брод, Лозово, Дебрца, Кавадарци, Куманово, Брвеница и Кочани. Целта е поттикнување на локалниот економски развој и заштита на животната средина.

Божиновска оцени дека интересот на инвеститорите бил значително поголем од конечната листа, односно во законскиот рок до 1 октомври добиле 284 барања, , а во ранг-листата влегле само оние кои се комплетни, по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Министерството веќе го започна процесот за Годишниот план за 2027 година. До 1 април 2026 тече рокот за пријавување на иницијативи за објекти до 1 MW до општините, а до 1 јуни 2026 е рокот за инвеститорите над 1 MW до Министерството. До 31 декември 2026 треба да се донесе Планот за 2027 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Следно

Божиновска: Државата тргнува во енергетски бум – Усвоен план со инвестиции од 5,7 милијарди евра

Latest from Blog

Култура со европска одговорност: Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“

Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на

Божиновска: Државата тргнува во енергетски бум – Усвоен план со инвестиции од 5,7 милијарди евра

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од
Go toTop