Божиновска и ЕВН разговараа за заштита на потрошувачите и енергетски предизвици

September 18, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со Претседателката на Надзорниот одбор на ЕВН, Александра Витман, и Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер.

Средбата беше посветена на тековните состојби во енергетскиот систем, заштитата на потрошувачите и потребата од континуирана модернизација на дистрибутивната мрежа.

„Стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија е заедничка цел – во интерес на граѓаните и стопанството“, истакна Божиновска.

Разговорот беше фокусиран и на предизвиците со кои се соочува европскиот енергетски сектор, новиот Закон за енергетика во Македонија и заедничката одговорност за обезбедување на одржлива и безбедна енергетска иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Словенија има понуда за Хрватска во врска со новата нуклеарна централа Кршко

Следно

Ѓорѓиевски: Заеднички кон почисти и пофункционални градови

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop