Божиновска: Енергетската ефикасност е најисплатливата инвестиција за иднината

July 8, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, на која беа разгледани тековните активности и можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областа на енергетската ефикасност.

Во фокусот на разговорите беа тековните активности што KfW ги поддржува за енергетска обнова на студентските домови, како и следните чекори за проширување на инвестициите во обнова на јавни и комерцијални објекти, со цел намалување на потрошувачката на енергија, подобрување на условите за користење и долгорочни финансиски заштеди.

„ Енергетската ефикасност е еден од најисплатливите начини да создадеме поквалитетни јавни услуги, пониски трошоци и поодржлив енергетски систем. Нашата цел е да го прошириме опфатот на ваквите проекти и да создадеме систем кој ќе носи мерливи резултати за институциите и за граѓаните“, истакна министерката Божиновска.

На состанокот беше направен осврт и на успешните практики што се спроведуваат во земјите од регионот, при што беа разгледани можностите за размена на искуства и примена на докажани модели во Македонија, со цел побрза реализација на идните инвестиции во енергетската ефикасност.

Посебен акцент беше ставен и на воспоставувањето и ставањето во функција на EPC системот, кој претставува клучна алатка за мониторинг, верификација и управување со сертификатите за енергетска ефикасност. Неговото целосно оперативно функционирање ќе овозможи поголема транспарентност, подобро следење на резултатите од спроведените мерки и поквалитетно планирање на идните инвестиции.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува да ги зајакнува партнерствата со меѓународните финансиски институции, со јасна цел – повеќе инвестиции во енергетската ефикасност, помодерна јавна инфраструктура и одржлив енергетски развој во интерес на граѓаните и економијата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

18 милиони денари промет на Берзата, Алкалоид и банките во центарот на вниманието

Следно

Коњановски изврши увид во асфалтирањето на улицата „Леринска“

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop