Screenshot

Божиновска: Државата има доволно нафтени деривати, системот е стабилен

March 3, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информира дека државните нафтени резерви се стабилни и гарантираат сигурност на снабдувањето со нафтени деривати во земјата.

Од Министерството соопштија дека внимателно се следи актуелната енергетска состојба и потенцијалните геополитички ризици, при што Агенцијата за задолжителни нафтени резерви – МАКОРА континуирано ги одржува резервите со цел да се обезбеди стабилност на пазарот.

Државните резерви се формираат и одржуваат согласно европската регулатива и претставуваат стратешка сигурност на системот. Тие може да се користат исклучиво со одлука на Владата, во случај на енергетска криза или сериозно нарушување на снабдувањето.

 

Во моментов, увозот на нафтени деривати се одвива непречено, а како дополнителен механизам за сигурност е обезбеден и продуктоводот Солун–Скопје, кој овозможува континуиран доток на сите видови деривати.

Според официјалните податоци, државните резерви изнесуваат 138.877.053 литри еуродизел, 32.098.680 литри Еуросупер БС-95, 10.772.342 литри екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) и 5.287.794 килограми мазут М-1 НС. Резервите се складирани кај ОКТА, Макпетрол, Лукоил и Супер Трејд и постојано се мониторираат од надлежните државни органи.

Божиновска потенцира дека со редовната набавка, континуираното дополнување и диверзификацијата на снабдувачите се обезбедува непречен доток на деривати, нагласувајќи дека граѓаните и стопанството нема да почувствуваат недостиг. Државата, како што посочи, е подготвена навремено да реагира и да ја зачува енергетската стабилност на земјата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ен-Би-Си: Трамп одобри воени акции во седум земји во последната година

Следно

Проданоски: Прилеп добива модерен и безбеден центар

Latest from Blog

ВЛЕН: Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите

22 пожари на отворен простор утрово

Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира
Go toTop