Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика

March 11, 2025
1 min read

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Прага одржала работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки и со директорот за нови енергетски технологии Јан Прашил. Разговорите биле фокусирани на конкретни инвестиции во македонскиот енергетски сектор, модернизација на капацитетите на АД ЕСМ и можностите за финансирање на капитални проекти од страна на чешката Влада.

Како што соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска истакнала дека македонската Влада е посветена на стратешко партнерство со Чешка и на реализација на проекти што ќе ја забрзаат транзицијата кон одржлива енергетика.

– Во Чешка имаме стабилен партнер кој не само што има интерес, туку и конкретна подготвеност да поддржи инвестиции во македонскиот енергетски сектор. Разговаравме за директни вложувања, како и за можности за поволно финансирање на големи инфраструктурни проекти со чешки компании. Модернизацијата на капацитетите на АД ЕСМ е еден од приоритетите, а токму во овој сегмент чешките компании имаат сериозен капацитет и експертиза, изјавила Божиновска.

Од чешка страна била истакната подготвеноста за долгорочна поддршка, не само преку инвестиции, туку и преку финансиски инструменти што ќе обезбедат поволни услови за реализација на проектите. Директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, потенцирал дека Чешка гледа конкретни можности за стратешка соработка.

– Чешката Влада е подготвена да поддржи македонски енергетски проекти преку инвестиции и поволни финансиски механизми. Особено сме заинтересирани за соработка во делот на модернизацијата на енергетските капацитети и имплементацијата на нови технологии кои ќе придонесат за стабилност и одржливост, изјавил Мурицки.

Директорот за финансии на АД ЕСМ, Иван Стојановски, нагласил дека новиот инвестициски циклус во обновливи извори е клучен за забрзување на зелената енергетска трансформација.

– За нас е исклучително важно да обезбедиме соработка со искусни партнери како Чешка, кои можат да помогнат во имплементацијата на одржливи технологии и да овозможат стабилни финансиски услови за нашите инвестиции, рекол Стојановски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Чешка е подготвена да поддржи големи инвестиции во македонската енергетика

Следно

Фергусон ја поздрави идејата за нов стадион на Манчестер јунајтед

Latest from Blog

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук

СКОРО ПА И ГИ НЕМА: „МАЛИ ШАНСИ“ за косовската влада предводена од Коњуфца

Шансите Глаук Коњуфца, премиерот назначен од претседателот Вјоса Османи, да ја формира новата Влада на Косово се чинат минимални. Со обединетата поранешна опозиција околу идејата за нови избори, вториот обид на движењето

ЛШ: Барса чудно, но преживеа во Белгија, Интер и Сити со нови победи (ВИДЕО)

Изненадувањето на вечерта во Лигата на шампионите се случи во Белгија, каде екипата на Бриж одигра 3:3 со Барселона,но реално имаше сериозни шанси и за победа. Домашните трипати водеа, Барселона трипати израмнуваше,

Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи
Go toTop