Босна и Херцеговина: Сè поголема побарувачка за странска работна сила

August 29, 2024
1 min read

Во Босна и Херцеговина во 2023 година издадени се 2.449 работни дозволи, кои се пресметуваат во одобрената квота за работни дозволи за вработување странци од страна на Советот на министри на БиХ, од кои 579 се продолжени работни дозволи, а 1.870 дозволи за ново вработување, пренесува Анадолија.

Овие податоци се дел од Годишниот извештај за реализација на одлуката за утврдување на годишната квота за работни дозволи за вработување странци во Босна и Херцеговина за 2023 година, кој на предлог на Министерството за цивилни работи на БиХ денеска го усвои Советот на министри на БиХ.

Министерката за цивилни работи на БиХ, Дубравка Бошњак, изјави дека овие податоци покажуваат дека Босна и Херцеговина сè повеќе има потреба од работна сила од странство и дека министерството ќе ги следи потребите на пазарот и барањата на работодавачите при донесувањето на идни одлуки за квотите за работни дозволи при вработување странци.

Според одлуката на Советот на министри, годишната квота за продолжување и ново вработување на странци во Босна и Херцеговина за 2023 година изнесуваше 3.995 работни дозволи, а искористени се 2.449.

Доколку се споредат издадените работни дозволи со предложената квота за 2023 година, исполнетоста на квотата за вкупно издадени работни дозволи на странски државјани во БиХ е 61 процент, што е повеќе од претходната година. Во 2022 година, исполнетоста на квотата изнесуваше 51 процент.

Годишните квоти за издавање работни дозволи се одобруваат по дејности. Најмалку пополнети беа во секторите на преработувачката индустрија (50 проценти), хотелскиот и угостителскиот сектор (68,7 проценти) и останатите услужни дејности (85,7 проценти), додека во останатите дејности пополнетоста на квотата се движеше од 95 до 98 проценти.

Според земјите на потекло, најмногу странци кои работеле во БиХ во 2023 година се од Република Турција, Република Србија, Непал, Бангладеш и Индија. Најголем раст во однос на минатата година е забележан кај државјаните на Пакистан, Непал и Бангладеш.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот заменик директор на УЈП Исмет Гури се предаде во полиција, се наоѓа во затвор

Следно

Милановиќ по средбата со Мицкоски: Европската унија е неправедна кон Северна Македонија

Latest from Blog

Меџити од Камењане: ВЛЕН се обединува во силен политички субјект

Претседателот на Демократско движење и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, синоќа во Камењане оствари средба со структурите на Демократско движење – ВЛЕН, при што ја истакна силната организациска поставеност и

Димовски најави нов инвестициски бран: над 150 милиони евра во прва фаза

Четири нови странски компании донеле одлука да инвестираат во Македонија, од кои три ќе реализираат инвестиции во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје, а една во ТИРЗ Тетово, изјави директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски.

Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за помошта во апсењето на осомничениот за обидот за атентат врз високиот руски генерал на ГРУ

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер

Кадриу: Осудените за „мерцедесот“ беа „земени на врат“, а случајот со Нешковски беше „чист“, иако Заев мавташе со снимките

Во случајот „Тенк“, набавката на блиндираниот „мерцедес“, Владата не била обврзана да објавува оглас, односно да распишува тендер. Значи, не била должна. Можела да го купи „мерцедесот“ со спогодба во четири очи,
Go toTop