Борко Ристовски продолжува со инвестициите – уште едно игралиште за младите!

October 1, 2025
1 min read

Во општина Теарце започна реконструкцијата на современо мултифункционално спортско игралиште, проект на Министерството за спорт кој има за цел да ја зајакне спортската инфраструктура низ целата држава.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска го означи почетокот на работите, истакнувајќи дека новиот спортски комплекс ќе содржи фудбалски терен, терен за кошарка и фитнес зона на отворено – простор достапен за сите генерации.

„Нашата цел е спортот да биде достапен за секого, и во малите и во големите општини. Верувам дека со изградба на вакви игралишта ќе придонесеме физичката активност да стане секојдневна навика и начин на живот“, рече Ристовски.

 

Во изминатите 15 месеци, Министерството за спорт изгради и обнови повеќе од 30 мултифункционални игралишта низ државата. Програмата продолжува и во следниот период со нови проекти, со јасна цел – спортот да биде достапен за сите граѓани, без разлика во кој град или општина живеат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прв академски час на Воена академија: Академијата е симбол на знаење и лидерство, со високо реноме и квалитетна настава

Следно

Ова се најмирните хороскопски знаци! Проверете дали сте меѓу нив

Latest from Blog

Видео: Ирак погоден од прекин на електричната енергија

„Електричната мрежа е целосно исклучена во сите ирачки провинции“, соопшти министерството, според ирачките медиуми. Додаде дека се утврдува причината за прекинот на електричната енергија и дека е започната реставрацијата на електраните и

Aвион со евакуирани патници од Дубаи попладнево слета во Црна Гора: И Македонци меѓу патниците

Авион со 138 патници од Дубаи слета попладнево на аеродромот Тиват, соопшти Министерството за надворешни работи на Црна Гора. „Покрај Црногорците, во летот имало и граѓани на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска,
Go toTop