Борис Кондарко е претседател на Државната изборна комисија

October 2, 2024
2 mins read

Собранието на денешната 16. седница донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во земјата а во согласност со изборното законодавство со кое, меѓу другото, се предвидува претседателот на ова тело да биде од редот на опозицијата.

Со усогласувањето претседател на ДИК е досегашниот член Борис Кондарко, кој доаѓа на предлог на СДСМ, а потпретседател Абдуш Демири, на предлог на Беса. Членови се досегашните претседател Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ) и потпретседателката Дитмире Шеху (ДУИ) и Оливер Ристевски (СДСМ), кој исто така беше член на ова највисоко изборно тело.

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на двајца нови членови на ДИК на местото на Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ), кој беше член на ДИК а стана заменик – генерален секретар на Собранието, додека Радица Ристеска (СДСМ) заминува во пензија.  Огласот трае осум дена од објавување во Службен весник.

На оваа седница се донесени одлуки за објавување јавен оглас за избор на заменик – директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, за објавување јавен оглас за именување на членовите на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, за објавување јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за измена на Одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”, предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев” и одлуката за избор на претседател и за објавување јавен оглас за членови на Советот за граѓански надзор.

Пратеницицикте ги избраа членовите и нивни заменици на Комисијата на Собранието на Република Северна Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.

Претседател на Комисијата за правична застапеност е Талат Џафери, пратеник на ДУИ, а членови Ѓорѓија Сајкоски, Дафина Стојановска, Антонијо Милошоски,  Александар Велјановски, Драган Ковачки, Драган Неделковиќ, Салим Сулејмани, Илир Демири, Сали Мурати, Миле Цеков, Фатмир Битиќи и Соња Мирковска.

Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ денеска кажа дека нејзината пратеничка група ќе го поддржи формирањето на оваа комисија, која, според неа, е резултат на соработката на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ.

На седницата на натамошно читање беа дадени измени и дополнувања на Законот за експропријација, на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, на Законот за вработените во јавниот сектор, на Законот за административни службеници, на Законот за управната инспекција, на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, за изменување на Законот за јавните претпријатија, за измени и дополнувања на Законот за заштита на конкуренцијата и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.

Основна цел на предложените измени на Законот за експропријација е допрецизирање на постапката за експропријација во делот на постапување по предлогот за експропријација,
поставување на привремени застапници на сопственици на недвижности кои се предмет на експропријација и поништување на решенија за експропријација и раскинување на спогодби постигнати во постапката како и овозможување на продолжување на рокот за привремено заземање на соседно земјиште во услови кога се во тек изградба на објекти од стратешки интерес и други капитални објекти од јавен интерес.

Со измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, по скратена постапка, се имплементираат препораките од Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на Комитетот MONEYVAL при Советот на Европа, усвоен во мај 2023 година, усогласување со законодавството на ЕУ, заклучок на Владата на Република Северна Македонија и др.

На дневен ред на оваа седница беа донесени и измените и дополнувањата на Законот за медиуми, во прво читање.

Дневниот ред беше дополнет и со измени на Законот за вино и Конечен извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“, за коишто ќе се расправа кога ќе се создадат деловнички услови, информираше потпретседателката на Собранието Весна Бендевска.

Седницата ќе продолжи во 19:00 часот. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски повика 25 фудбалери за натпреварите со Летонија и Ерменија

Следно

Пошта ќе биде мултифункционален комплекс за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“

Latest from Blog

СЗО за третина го намали износот на пари што ги бара за итни здравствени случаи низ светот

Тоа е за една третина помалку од минатата година, пред се, поради намалувањето на донациите и загриженоста за придонесите од нејзиниот поранешен главен донатор, САД. „Се фокусираме на оние на кои им е

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавните обвинители

Владата на денешната седница донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и во согласност со законските одредби ќе ги достави до Советот на јавните обвинители, информира денеска на прес-конференција

Проданоски именува нови директори во две јавни институции во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски донесе одлука за кадровски промени во две јавни институции, со цел подобрување на нивното работење и поефикасно управување. За директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички

Комерцијална банка и Гранит доминираа во прометот – МБИ10 со раст од 0,50%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 3 февруари 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,50% и достигна 10.167,09 поени, додека

Проданоски именува нови директори во две јавни претпријатија

Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски донесе одлука за кадровски промени во две јавни институции, со цел подобрување на нивното работење и поефикасно управување. За директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички
Go toTop