Борис Бекер се сврши со својата 23 години помлада девојка

February 15, 2024
1 min read

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер се свршил со својата 23 години помлада девојка по тајно запросување, објави германскиот весник „Билд“. Тоа за него би бил трет брак.

Неговата девојка Лилијан де Карваљо Монтеиро – политиколог од африканската островска држава Сао Томе и Принципе, е со Бекер (56) веќе неколку години. Тие заедно се преселиле во Милано по неговото ослободување од затвор каде што отслужи осум месеци од неговата 2,5-годишна затворска казна за финансиски измами. Според списанието „Бунте“, Бекер на неговото излегување во 2022 година рекол:

– Преживеав поради нејзината љубов. Да, таа е големата љубов на мојот живот. И се надевам дека секогаш ќе бидам со неа.

Според наводите, венчавката се очекува следната година.

Бекер и неговата сопруга Лили Бекер се разделија 2018., по девет години брак. Само една година помалку траеше бракот со неговата прва сопруга Барбара Бекер. Тие се венчаа во 1993., а се разделија 2001 година, откако тенисерот призна дека имал афера додека неговата сопруга била бремена со нивното второ дете.

Бекер беше обвинет во 2022 година, и осуден откако прогласи фиктивен банкрот и прикривање имот во вредност од 2,5 милиони фунти. Тој, имено, не пријавил свој дел од имот во Германија вреден милион фунти, како и 700.000 фунти во готовина. (МИА)

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карачиќ и Екберг донесоа голема драма, Кил се избори за реми кај Киелце

Следно

Милошоски бара одговорност од нашиот амбасадор во Рим

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop