Борел: Сè укажува на тоа дека Русија стои зад рушењето на браната „Нова Каховка“

June 9, 2023
2 mins read

Изјавата на Борел доаѓа во ист ден кога Службата за безбедност на Украина соопшти дека поседува телефонски разговор со кој се докажува оти руска диверзантска група ја разнела браната. Телефонскиот разговор, кој Украина тврди дека го поседува, наводно се одвива меѓу двајца војници кои на руски јазик разговараат за последиците од уривањето на браната. Доказите дека браната „Нова Каховка била крената во воздух денеска добија на гласност и по објавувањето на сеизмичките податоци на Норсар, кои покажуваат дека имало експлозија на местото во вторникот во раните утрински часови

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјавил оти сè укажува на тоа дека Русија стои зад рушењето на браната „Нова Каховка“, за што Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат изминатите неколку дена, пишува „Гардијан“.

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел/Фото: Архива

Браната беше уништена во вторникот, а излеаната вода од акумулацијата поплави десетици села и делови од градот Херсон принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови и предизвика стравувања од хуманитарна катастрофа.

Шефот на европската дипломатија Борел во изјавата за шпанската национална телевизија што ја пренесува „Гардијан“ вели:

„Браната не беше бомбардирана. Таа е уништена од експлозиви поставени во деловите каде што се наоѓаат турбините. Оваа области се под руска контрола. Не бев таму за да дознаам кој го направи тоа. Но, се чини дека сè укажува дека ако се случило во област под руска контрола, тешко е да се поверува дека тоа би можело да биде некој друг. Во секој случај, последиците за Украина се страшни, од хуманитарна гледна точка за раселените луѓе и од еколошка гледна точка, бидејќи уништувањето (на браната) ќе предизвика еколошка катастрофа“

Изјавата на Борел доаѓа во ист ден кога Службата за безбедност на Украина соопшти дека поседува телефонски разговор со кој се докажува оти руска диверзантска група ја разнела браната. Телефонскиот разговор, кој Украина тврди дека го поседува, наводно се одвива меѓу двајца војници кои на руски јазик разговараат за последиците од уривањето на браната.

 „Тие (Украинците) не го погодија. Тоа беше нашата диверзантска група. Сакаа да ги исплашат луѓето со браната, но тоа не одеше според планот – направија повеќе од она што планираа“,

наводно рекол еден од луѓето, кој Службата за безбедност на Украина го опишува како руски војник.

Доказите дека браната „Нова Каховка“ била крената во воздух денеска добија на гласност и по објавувањето на сеизмичките податоци кои покажуваат дека имало експлозија на местото во вторникот во раните утрински часови.

Норсар, норвешката сеизмичка опсерваторија, соопшти дека сигналите од регионалната станица во Романија укажуваат на експлозија која се случила во вторникот во 2:45 часот. Во соопштението на Норсар не се наведени заклучоци за тоа кој е одговорен за експлозијата.

Украинската влада соопшти дека руските сили имале контрола врз хидроелектричната инфраструктура на врвот на браната и ја користеле како гарнизон во моментот на експлозијата. Експертите за експлозиви велат дека би било многу полесно да се разнесе браната одвнатре отколку со нејзино гранатирање од далечина, наведува „Гардијан“.

Браната „Нова Каховка“ во окупираниот дел на украинската област Херсон беше уништена во вторникот, за што јужната команда на украинските сили веднаш обвини дека е одговорна Русија.

Официјална Москва, пак, негира каква било вмешаност во овој напад и обвини оти Украина направила намерна саботажа за да се одвлече вниманието од неуспешната контраофанзива која планира да ја изврши.

Уривањето на браната предизвика огромни поплави во јужниот регион Херсон што принуди евакуација на голем број луѓе од населените места. Сепак, засега не може со сигурност да се потврди кој стои зад нападот над браната.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

МЗ со појаснување: Странците за лекување ќе плаќаат исто како и македонските граѓани кои не се осигурани и плаќаат приватно

Следно

Путин најави распоредување на тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија во јули

Latest from Blog

Стојановски: Приватните превозници го прифатија предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, цената за километар да биде 100 денари!

Мартин Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, денеска истакна дека приватните превозници го прифатиле предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, а цената за километар ќе биде 100

Брисел: Креативните решенија мора да бидат усогласени со заклучоците на Советот

Работиме на изнаоѓање решение за Северна Македонија да оди напред во втората фаза од преговорите со ЕУ. Не сакаме Северна Македонија да биде оставена назад. Сепак, креативните решенија мора да бидат усогласени

Јакнење на македонско-британската соработка во делот на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон и со британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон. На средбата

Македонија со скок на новата ФИФА ранг-листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од две места на ФИФА ранг-листата. Во моментов сме на 67. место на ФИФА листата, со вкупно 1,368 поени. Ова е највисоката позиција на Македонија на ФИФА

Индија: Авиокомпаниите добија речиси 1.000 лажни предупредувања за бомби оваа година

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Речиси 1.000 лажни закани за бомби беа испратени до авиокомпаниите во Индија оваа година, известува Анадолу. Индискиот министер за цивилно воздухопловство Мурлидар Мохол објави дека добиле 122 лажни
Go toTop