Борел: „Она што е во прашање денес во Газа е дали луѓето ќе преживеат или не“

March 14, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, изјави дека она што е во прашање денес во Газа е дали луѓето ќе преживеат или не, известува Анадолу.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се состана со Борел во Вашингтон и даде проценка за најновата ситуација во Газа и што може да се стори по прашањето за хуманитарната помош.

Борел и Блинкен пред состанокот дадоа кратки изјави и наведоа дека ќе разговараат за областите на соработка меѓу САД и ЕУ по прашањето за Газа.

Заблагодарувајќи се на напорите на САД во хуманитарната помош, но истакнувајќи дека тоа не е доволно, високиот претставник на ЕУ, Борел, рече:

„Жалиме поради моменталната ситуација во Газа, но мораме да сториме повеќе од жалење. Мораме да преземеме акција. Она што е во прашање денес во Газа е дали луѓето ќе преживеат или не.“

Истакнувајќи дека помошта што се испраќа во Газа по воздушни, морски и копнени патишта е недоволна, Борел рече дека најважно е да се отворат копнените граници и да се почне да се работи на дводржавно решение, кое го поддржуваат САД и ЕУ.

Блинкен наведе дека со Борел ќе разговараат за многу теми што се однесуваат на Украина, Газа, Кина и Западен Балкан, и дека заеднички делуваат со ЕУ, особено кога станува збор за хуманитарната помош во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

УШТЕ 30 ПОТРЕСИ ПО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС – тлото на Црна Гора не мирува, сеизмолог со лекција до Балканот: Треба да научите да живеете со природни катастрофи!

Следно

Дел од персоналот на ОН ја напушта Хаити

Latest from Blog

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на

„Саботажа“ во Жабени пред посетата на Мицкоски: Оштетена инфраструктура во Индустриската зона

Индустриската зона ,,Жабени” соопштува дека фатени се две лица кои недозволено се движеле на територија на зоната. Ова се случува само еден ден пред посетата на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на
Go toTop