Борел: Клучно е спроведувањето на обврските од дијалогот меѓу Белград и Приштина и усогласување со политиката на ЕУ

June 22, 2024
1 min read

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел вчера по разговорите со шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ во Австрија, изјави дека усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и спроведувањето на обврските од дијалогот меѓу Белград и Приштина се клучни за интеграција на Србија во тој блок.

Борел во објавата на платформата Икс наведува дека имал добра и конструктивна средба со Ѓуриќ и и се заблагодари на Србија за нејзиниот „вреден придонес“ во мисиите и операциите на Заедничката одбранбена и безбедносна политика на ЕУ.

Како што соопшти претходно денеска Министерството за надворешни работи на Србија, Ѓуриќ во разговор со Борел во Гетвајг, Австрија, рекол дека членството во Европската унија е стратешка определба и приоритет на надворешната политика на Србија.

На средбата, одржана по состанокот на министрите за надворешни работи на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ и партнерите од Западен Балкан, Ѓуриќ истакна дека Србија ги споделува европските вредности и се залага за нив, како и дека сака да придонесе за мирот, стабилноста и просперитетот на Европа.

Ѓуриќ посочи дека Белград е целосно посветен на дијалогот со Приштина под покровителство на ЕУ, оценувајќи дека во овој момент е потребно, пред се, да се обезбеди безбедноста на српското население и без натамошно одлагање да се спроведат сите обврски од досега постигнатите договори, соопшти Министерството.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мартинез: Роналдо е во португалската репрезентација затоа што тоа го заслужува

Следно

Јужна Кореја, Јапонија и САД се договорија за блиска безбедносна соработка по средбата на Путин и Ким Џонг-ун

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop