Борбата за правда и за правна држава е борба за задржување на младите и за иднината на државата, вели Сиљановска Давкова

December 25, 2024
1 min read

Еден од клучните проблеми на македонските граѓани е правдата. Но, правдата е загрозена поради ендемската корупција и организираниот криминал, што, заедно со судирот на интереси, непотизмот и клиентелизмот, го поништуваат владеењето на правото, ги обезвреднуваат институциите, ги иселуваат младите и ни ја празнат државата. Без правда нема извесност на планирањето  на животот, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во годишното обраќање во Собранието.

-Борбата против корупцијата и организираниот криминал е најважната борба на оваа влада. Во оваа борба ние, не сме сами. Ја имаме довербата од македонските граѓани и поддршката од нашите стратешки партнери, вклучително и со дополнувањето на црната листа. Црно ни се пишува ако не ја видиме со широко отворени очи црнината и не ја обелиме со санкционирање. Сега македонските надлежни институции се на потег. Граѓаните очекуваа и дочекаа конкретни резултати. Секое одолговлекување би значело толерирање на беззаконието и неправдата. Никој не смее да биде недопирлив. Никој не смее да биде над законот. Не може целото општество да ја трпи казната поради неказнивоста на неколкумина, нагласи Сиљановска Давкова.

Но, нагласи претседателката, борбата никако не смее да се сведе само на овие неколку високопрофилирани случаи бидејќи корупцијата е длабоко вкоренета во секоја пора на општеството.

-Недовербата кон судството не е случајна. Умниот лорд Ектон со право констатира дека – секоја моќ корумпира, а апсолутната – апсолутно. Роберт Хајслоп пак, предупредуваше дека во секоја држава има криминал, ама на Балканот, криминалците имаат свои држави. Затоа, потребни се забрзани и длабоки реформи во правосудството.

Посочи дека Судскиот совет и Советот за јавни обвинители треба да бидат вистински чувари на независноста на судството и филтерот низ којшто ќе можат да минат само квалитетните и некорумпираните.

-Од тоа зависи враќањето на разнишаната доверба на македонските граѓани во правосудството. Борбата за правда, за правна држава, за владеење на правото е борба за задржување на младите и за иднината на државата, истакна таа.

Кога зборувам за правда, додаде претседателката, не мислам само на правосудството и на владеењето на правото.

-За да не станеме држава на социјални случаи, нам ни е потребна социјална правда. И во Уставот, Македонија е дефинирана како социјална држава, којашто треба да им помага на ранливите, за секој човек, за секое семејство да има пристоен живот. Буџетот што го усвоивте вие, пратениците е развоен и инвестициски, но со вклучена социјална компонента. Тоа е за поздравување, особено во ова време на ценовни шокови. Секој од нас треба да направи се што може за да им помогне на ранливите категории. Иако моите ингеренции на ова поле се ограничени, јас го правам она што можам. Станав глас на оние кои се соочуваат со системска дискриминација, како што се текстилните работници или руралните жени кои се борат за подостоинствени работни услови. Поради родовата нееднаквост, многу жени неправедно носат двоен товар – грижата за домот и семејството, но и грижа за приходот. Нужно е да ги интегрираме родовите перспективи во секоја работа, рече претседателката во своето годишно обраќање. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски открива: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Следно

СО 90 ИЛЈАДИ ЕВРА ЌЕ СЕ КОНЗЕРВИРА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ НА ЦРКВАТА „СВЕТИ ЃОРЃИ“ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Latest from Blog

Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак

Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на

Ќе ги отстрани ли некој питачите на семафори: Загрозуваат безбедност, а казните се 15 евра

Конкуренцијата на питачи на раскрсниците низ Скопје се зголеми во последните месец дена и со тоа се зголеми и ризикот по сите учесници во сообраќајот. До неодамна само на две-три раскрсници имаше
Go toTop