Бомба експлодирала покрај автомобилот на главниот обвинител на Бугарија – обид за атентат на Иван Гешев?

May 1, 2023
1 min read

Заменик-главниот обвинител Сарафов изјави дека целта на експлозијата била Гешев да се убие, а не да се заплаши. Во случајот нема повредени и тој вели дека само случајноста спречила смртни случаи

Иван Гешев

Бомба експлодирала покрај колоната автомобили во која бил и главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев. Настанот се случил денеска околу 11:45 часот на патот меѓу Самоков и селото Ковачевци додека Гешев патувал во правец кон Софија.

Неговиот заменик, Борислав Сарафов, изјави дека експлозијата се случила на место каде имало кривина на патот, па брзината на движење треба да се намали. На самото место на експлозијата бил направен кратер со длабочина од 30-40 сантиметри и дијаметар од три-четири метри. Бомбата, според Сарафов, имала тринитротолуен (ТНТ) еквивалент на три килограми, а експлозијата се случила во моментот кога на местото минувал автомобилот на Гешев.

Борислав Сарафов / Фото: БНТ

„Целта на експлозијата била да се убие, а не да се заплаши“,

тврди Сарафов, пренесува БНТ.

На местото на настанот биле пронајдени маркерите што ги оставиле сторителите, а обвинителството отвориле предмет за тероризам. Случајот ќе го истражуваат обвинители од обвинителството во Софија.

Дел од медиумите претходно јавија дека оштетен бил еден од автомобилите кои биле во колоната односно автомобил во кој се наоѓало дел од обезбедувањето на Гешев. Меѓутоа, во изјавата Сарафов тврди дека во случајот нема повредени и оти само случајноста спречила смртни случаи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина: Нашите трупи извршија противнапад во делови на Бахмут

Следно

Бензема стана татко по четврти пат: Љубовницата му роди дете, а тој уште е во брак

Latest from Blog

Ако некој вечерва ви понуди 12 зрна грозје прифатете ги, еве какво значење имаат

Додека се подготвувате за Нова Година, со нови одлуки и надежи за иднината, еден необичен обичај привлекува сè повеќе внимание. Станува збор за јадење 12 зрна грозје точно на полноќ, традиција што

ИЈЗ со препораки за празниците во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

Новогодишните празници претставуваат период на значајни промени во секојдневниот животен ритам, при што доаѓа до нарушување на вообичаениот распоред на исхрана, се вели во препораките на Институтот за јавно здравје до граѓаните
Go toTop