Болницата на Турско-палестинското пријателство во Појасот Газа престана со работа поради недостиг на гориво

November 1, 2023
1 min read

АЛ-КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Палестинското Министерство за здравство соопшти дека болницата на Турско-палестинското пријателство , единствениот центар во кој се лекуваат болни од рак во блокираниот Појас Газа, престанала да работи поради израелските напади, јавува Анадолу.

Палестинската министерка за здравство, Маја Кејле, изјави дека болницата на Турско-палестинското пријателство, која постојано беше мета на израелските напади во Појасот Газа, останала без гориво и поради тоа престанала да работи.

Таа рече дека 16 од 35 болници во Појасот Газа, каде што Израел ја заостри блокадата, ги прекинале своите активности поради недостиг на гориво или бомбардирања.

Кејле рече дека 70 пациенти заболени од рак во болницата на Турско-палестинското пријателство и 2.000 раселени пациенти заболени од рак кои биле изложени на тешко бомбардирање, доживеале катастрофа и траума и дека нивното здравје е сериозно загрозено.

Таа изјави дека 81 пациент од Појасот Газа преку граничниот премин Рафа биле префрлени на лекување во Египет.

Наведувајќи дека најголемиот медицински комплекс во Газа, болницата Шифа, ќе мора да ги прекине активностите за помалку од 24 часа поради недостиг на гориво, Кејле истакна: „Оваа болница обезбедува здравствени услуги за итни случаи, хируршки интервенции, откажување на бубрезите, интензивна нега и бебиња во инкубатор“.

Таа нагласи дека болницата Шифа била засолниште за 50.000 Палестинци раселени во Појасот Газа.

Палестинската министерка ги повтори нејзините повици да се запрат израелските напади, да се достават медицински материјали и лекови и да им се овозможи на доброволните медицински тимови да влезат во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТИКА со поддршка за одгледувачите на јагоди во Северна Македонија

Следно

Одржана 19-та седница на Советот за безбедност

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop