Болната семејна судбина на Роберт Редфорд: Зад неговата насмевка, се криеја две големи трагедии

September 16, 2025
1 min read

Познатиот актер Роберт Редфорд никогаш не живеел типичен
живот на позната ѕвезда. Одамна се пензионираше од јавноста и поминуваше време
со својата сопруга Сибил.

Иако рече дека таа му го променила животот, тие ретко се
појавуваа заедно, а малку се знае за деталите од нивниот живот.

Болна семејна
судбина

Долго пред да ја запознае Сибил, Редфорд беше во брак со
Лола ван Вагенен и имаше четири деца со неа, Скот, Шона, Џејмс и Ејми Редфорд.

Но, нивниот најстар син Скот почина на само два месеци од
симптоми на синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња, и тоа беше првата
трагедија што го снајде како родител.

Децении подоцна, судбината повторно беше сурова кон
Редфорд. Неговиот син Џејмс почина од рак на црниот дроб на само 58 години,
објави People.

„Беше навистина тешко. Бевме многу млади. Ја добив мојата
прва работа во театарот, која не беше добро платена. Не знаевме ништо за овој
синдром, па постојано мислевме дека сме направиле нешто погрешно. Како родител,
секогаш се обвинувате себеси. Тоа остави лузна што веројатно никогаш нема да
заздрави“, изјави тој за Денвер пост децении подоцна.

„Тагата кога ќе изгубите дете е неизмерна. Џејми беше
сакан син, сопруг и татко. Неговото наследство живее преку неговите деца,
неговата уметност, неговите филмови и неговата длабока посветеност на
зачувувањето на природата и животната средина. Роберт Редфорд тагува со своето
семејство во ова тешко време и бара приватност“, се вели во соопштението во тоа
време.

Џејмс беше многу успешен, режирајќи и продуцирајќи повеќе
од десетина филмови, а во 2005 година го основа Центарот Редфорд со својот
татко, кој, како што се вели, користи филмови и медиуми со моќна порака за
забрзување на напредокот во областите на заштита на животната средина,
климатска правда, решенија и реставрација.

Џејмс Редфорд сакал да остави нешто важно зад себе, па
затоа основал непрофитна организација која има за цел да ја едуцира јавноста за
важноста на донирањето органи, со оглед на тоа што самиот тој имал направено
две трансплантации на црн дроб.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во септември се сади едно од најубавите цвеќиња во светот

Следно

Меџити: Нов кампус за Универзитетот „Мајка Тереза“ со инвестиција од 40 милиони евра

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop