Бојковска во 24 анализа: За разлика од претходните трагедии, трагедијата во Кочани има истрага која се прошируваа

April 17, 2025
1 min read

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска во 24 анализа рече дека, за разлика од претходните трагедии, случајот во Кочани има истрага која се проширува.

Според неа, сите виновници кои имале некаков удел во трагедијата ќе одговараат. Таа зборуваше и за тоа дека јавноста редовно е информирана за целиот тек на истрагата. 

„Времето како досега заврши, во моментов имаме 59 осомничени имаме кривични пријави. Претходните случаи во време на СДСМ се со нула казнивост. Истрагата трае и се проширува. Се прошири и на полициски службеници. Секој кој е виновен ќе одговара. Од најниско до највисоко ниво. Ние не сме истражен орган и во Собрание не смее да се вршат истражни постапки. За модуларната болница кабелот е крив. Се сведе на двајца директори и доктор. Беса Транс заврши со починатиот шофер. Дурмо Турс каде е, заврши со управителот и шоферот. Толку е резултатот? Не се одговори прашањето кој давал дозволи, технички прегледи, кој ставил печат. Никаде не видовме имиња и презимиња. Резултатот со онкологија да не зборуваме. Тоа е разликата. Во оваа истрага нема да има наши и ваши, политиката не смее да биде дел од овој случај“, рече Бојковска.

Таа објасни и дека истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е транспарентна онолку колку дозволува процесот.

„Додека трае истрагата одредени делови се тајни и треба да сме свесни дека одредени детали не се познати за јавноста се со цел постапката да биде ефективна. Ценам дека јавноста транспарнтно ги има информациите. Ова е причнско-последичен настан на трул систем кој со години бил трупан со непочитување на закони. Со оваа акција се укажува дека секој еден кој има било каков удел ќе биде опфатен, почнувајќи од најнизок па се до највисок. Опфатени се и поранешни министри и сегашен, градоначалници. Овој пат ќе имаме име и презиме  за тој што го прекршил законот и нема да има дека кабелот или законот е крив“, додаде Бојковска.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

Следно

Денеска е Велики петок, најтажниот ден за христијаните

Latest from Blog

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Северна Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка,
Go toTop