Бојковска: ССМ нуди ад хок предлог за минимална плата кој на долг рок предизвикува инфлација и не носи стабилен живот за граѓаните

March 6, 2025
1 min read

„Првото разочарување го доживеав во Парламентот со расправата за ребалансот на Буџетот. Кога всушност се соочивме реално за тоа во каква состојба ни се наоѓа државата. Кога се соочивме со тоа каков испокраден буџет начекавме и кога во самиот ребаланс на буџет видовме во какви состојби се наоѓаше економијата, видовме дека имало четири неисплатени плати во неколку институции, за мене тоа е недозволиво, посебно од аспект на исплата на платата затоа што е основно право коешто работникот загарантирано мора да го добие. Со оглед на тоа каква катастрофа начекавме со доаѓањето на власта, задоволна сум како интензивно работииме како Влада на подобрување на економската состојба во државата.

Секогаш може подобро, секогаш може повеќе да се работи и треба да не мотивира самиот чин дека можеме да ги подобриме работите. Така што со оглед на тоа што наследивме јас сум среќна што очигледно е придвижувањето посебно во делот на економијата, имаме економски раст, имаме зголемување на платите во одредени сектори, веќе се најавени и се случуваат покачувањата на платите во здравството, во образованието, кај вработени во МВР, ќе има покачување во сите сектори, сите плати ќе бидат зголемени само доколку се работи чесно“ , прецизираше во своето излагање пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска на утринското гостување на „Радио лидер“.

Бојковска говореше за предлогот за ССМ за покачување на минималната плата, притоа истакна дека од страна на претседателот на ССМ не забележува реална и искрена борба за работнички права туку се забележува координирано настапување и со речиси исти изјави во контекст на миинималната плата од страна на ССМ, СДС и Левица.

„Предлогот на ССМ, воедно тука ќе ја наречам и коалиција на ССМ-СДС и Левица, да бара 500 евра минимална плата, чудна ми е некако траекторијата на ССМ. Морам да искоментирам и од личен аспект по она што го гледам, посебно од раководството на ССМ, жалам што е таков пристапот на претседателот на ССМ.

Наместо некоја искрена и реална борба за работничките права во којашто ќе има конструктивен дијалог за минималната плата, гледаме во еден ден координирано настапување и координирани изјави, речиси исти изјави во контекст на минималната плата од страна на ССМ, СДС и Левица“, истакна Бојковска.

Бојковска е децидна дека ССМ нуди ад хок предлог за зголемување на минималната плата. Според неа ваквите понуди не носат стабилна економија и стабилен живот за граѓаните долгорочно, напротив таа вели дека ќе се предизвика инфлација.

„ССМ нуди ад хок предлог, во којшто имаме паушално зголемување на минималната плата. Јас тука ценам дека ваквите појави коишто се ад хок, коишто се базираат на вакви понуди и решенија не носат на долг рок стабилна економија и стабилен живот за граѓаните. Неминовно е доколку имаме ситуација во којашто се субвенционираат придонеси само за една година, без притоа да бидат базирани на очигледна и реална економска логика, на долг рок предизвикува поголем и полош ефект, а тоа е предизвикување на инфлација“ , заклучува Бојковска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

МСПДМ: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Следно

Хрватите во Македонија сакаат да влезат во Уставот, сметаат дека така ќе го зачуваат идентитетот

Latest from Blog

Претседателот на Непал го распушти парламентот и распиша избори

Непалскиот претседател Рамчандра Паудел го распушти парламентот и свика нови избори за 5 март по една недела смртоносно насилство што кулминираше со назначување на првата жена премиер во земјата. Соопштението од канцеларијата

Сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно: Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори – се користат сите расположливи сили

❗️Почитувани сограѓани, скопјани, во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! 🫡 Од самиот почеток,

Ѓорѓиевски со екипите на лице место: Сите сили во борба со разгорениот пожар

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот
Go toTop