Бојкотот успешен! Вчера 50 милиони денари помалку промет во маркетите

February 8, 2025
1 min read

Со оглед на интересот на јавноста, Управата за јавни приходи (УЈП) во рамки на своите овластувања ги доставува последните податоци од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 06 и 07 февруари 2025 година.

Во четврток, 06.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки.

Во петок, 07.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари а издадени се 346.317 фискални сметки.

Кај овој анализиран период кај осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 22,12%.

Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП беше регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари.

Во петок 07.02.2025 година остварен е за 36,95% поголем промет во однос на претходниот петок 31.01.2025 година.

При споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот односно деновите 31.01 и петок 07.02.2025 година треба да се имаат предвид различните фактори кои можат да влијаат на потрошувачките навики. Еден од тие фактори е тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вчера 150 возачи казнети за брзо возење во Скопје, 22 за возење без возачка дозвола

Следно

Средби на Муцунски со претставници на македонската дијаспора во Австралија

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.
Go toTop