Бојкот на маркетите – Таму каде што Владата потфрли со кошничките, преземаат граѓаните

January 28, 2025
1 min read

Граѓаните на Северна Македонија најавија бојкот на маркетите за 31 јануари, следејќи го примерот на Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Оваа иницијатива доаѓа како директен одговор на зголеменото незадоволство од високите цени и неспособноста на Владата да обезбеди економска стабилност.

Премиерот Христијан Мицкоски изрази „разбирање“ за акцијата на граѓаните, со што всушност индиректно призна дека претходните владини мерки, како есенската и новогодишната кошничка, не успеале да ги ублажат последиците од инфлацијата.

„Народот е во право што ги бојкотира дел од маркетите,“ истакна Мицкоски, додавајќи дека одредени трговски синџири профитираат на грбот на граѓаните.

Но, ваквата реторика од страна на премиерот повеќе звучи како обид за дефокусирање отколку како преземање одговорност. Наместо да понуди системски решенија, Владата се повикува на алчноста на одредени маркети, додека институциите продолжуваат да се борат со недоволна регулаторна моќ, како што е отсуство на редовни инспекциски надозори.

Во изминатите месеци, Владата се потпираше на популистички мерки како „кошничките“ за есенските и новогодишните празници, кои беа промовирани како краткорочно олеснување за семејните буџети. Сепак, овие мерки не постигнаа посакуван ефект. Цените на основните производи продолжија да растат, а граѓаните сè почесто се чувствуваат изоставени од процесите на економско планирање.

Според податоците од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), вредноста на синдикалната минимална кошница за декември 2024 година изнесува 62.861 денар. Ова претставува зголемување од 840 денари во споредба со ноември 2024 година, кога кошницата изнесувала 62.021 денар.

Синдикалната минимална кошница ги опфаќа основните трошоци за живот, вклучувајќи храна, сметки, облека, хигиена и други неопходни расходи за едно четиричлено семејство. Дополнително, доколку се земе предвид и трошокот за изнајмување на стан од 60 квадратни метри, вкупната вредност на кошницата за декември 2024 година достигнува 78.236 денари.

Овие податоци укажуваат на континуиран раст на животните трошоци, што дополнително го оптоварува семејниот буџет на граѓаните.

Опозициската СДСМ го нарече ваквиот пристап „доказ за економски дебакл“ на Владата.

„Трендот за бојкотирање маркети, кој се прошири од регионот, е директна последица на неуспехот на Владата да ја заштити куповната моќ на граѓаните,“ изјави партијата.

Иницијативата за бојкот, инспирирана од слични акции во регионот, укажува на поширока економска и социјална фрустрација. Во Хрватска, БиХ и Црна Гора, бојкотот се претвори во обединет протест против корупцијата и злоупотребата на монополските позиции на трговците. Но, за разлика од овие земји, Северна Македонија сè уште нема системски одговор на кризата, а Владата, наместо да делува превентивно, се чини дека реагира со задоцнети и несоодветни мерки.

Организацијата на потрошувачите на Македонија исто така ја поддржа иницијативата, нагласувајќи дека станува збор за граѓанска реакција, а не организирана акција. Поддршката од страна на граѓанските организации дополнително ја потенцира слабоста на институциите кои не успеале да ја заштитат куповната моќ.

Бојкотот на маркетите може да се смета за симболичен чин на отпор, но тој не ја заменува потребата од долгорочни решенија. Владата мора итно да преземе мерки за зајакнување на инспекцискиот надзор, воведување јасни регулативи за спречување на монополите и континуирано следење на цените на основните производи.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мојсовски и Каевски на суд: Од почеток започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери

Следно

Покриен газ никој не го плука – Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци

Latest from Blog

Дувњак: Ми се сруши светот по повредата, сега можам мирно да заминам

Легендарниот хрватски ракометар Домагој Дувњак денеска последен пат беше во составот на хрватската репрезентација пред домашната публика. „Не знам што паметно да кажам, голема благодарност за момците и прекрасната публика. Ќе ми

Алваро Мората со трансфер во Галатасарај

Напаѓачот на Милан, Алваро Мората се согласил да се пресели во Галатасарај, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо. Според неговите информации, италијанскиот клуб има намера да го продаде Шпанецот, додека турската страна размислува за

ОЈО Скопје со детали за несреќата на „Партизанска“: Возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага и предложи мерка притвор за 20-годишникот кој вчера вечер со автомобил усмрти 22-годишна девојка на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Изнесувајќи детали за несреќата, од обвинителството

Чибишев за ужасот на Онкологија и извештаите кои НЕ го оправдуваат Филипче: Граѓаните се чувствуваат јадосани

Не верувам дека менаџерите не добивале извештаи и не виделе што се случува на клиниката за Онкологија. Не верувам дека не направиле безброј консултации со надредените, со Министерство за здравство каде што
Go toTop