Богатите Арапи за 100.000.000 евра годишно купија уште една ѕвезда, покрај Бензема пристугнува и играчот за врска!

June 7, 2023
1 min read

До неодамна соиграчите во составот на Франција Карим Бензема и Н’Голо Канте повторно ќе играат заедно во истиот тим и поточно во Саудискиот Ал-Итихад. Како што е познато, вчера гигантот од Блискиот Исток го објави потписот со поранешниот капитен на Реал Мадрид, а во доцните часови стана јасно дека клубот се договорил и за играчот од средниот ред на Челзи, кој ќе пристигне како слободен агент по истекот на договорот со лондончани.

Ова го пренесуваат водечките експерти за трансфери во Европа. Канте ќе потпише двегодишен договор со Ал-Итихад со заработка од 100 милиони евра по сезона. Очекувањата се дека 32-годишниот играч ќе биде претставен во следните 48 часа.

Големиот играч за врска помина седум години во Челзи, забележа 269 настапи, постигна 13 гола и со 16 асистенции. Покрај тоа, Канте со „сините“ ги освои речиси сите можни трофеи – оние од Лигата на шампионите, Премиер лигата, Лига Европа, ФА Купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Има и една титула во Англија со Лестер, а со Франција е светски првак на СП 2018 и победник на Лигата на нации 2021 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Атина денес ќе биде запален олимпискиот оган за Специјалната Олимпијада во Берлин

Следно

Туркије денес ќе избере нов претседател на Парламентот

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop