Бочварски не охрабри: Ќе биде потребно и трето проектирање на иста косина на автопатот Кичево – Охрид

February 7, 2024
1 min read

За секое од свлечиштата на автопатот Кичево – Охрид настанати кон крајот на минатата година потребна е дополнитлена техничка документација за да тие бидат стабилизирани, изјави денеска Благој Бочварски, министер за транспорт и врски. Тој, заедно со со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, и професори и експерти од градежништвото, беа во обиколка на трасата на автопатската делница од Охрид до Кичево.

– Тука сме да објасниме технички и практично како се решаваат ваквите проблеми на терен. Клучно е дека за секое од овие свлечишта настанати кон крајот на минатата година, е потребна дополнителна техничка документација со ревизија што ќе ја даде стабилизацијата на тие косини. Голем дел од тие косини се веќе двапати проектирани, сега ќе биде потребна и трето проектирање на иста косина. Тоа секако е нешто клучно за идно безбедно одвивање на сообраќајот, рече Бочварски.

Тој најави дека проблемите во изведбата на трасата на автопатот Охрид – Кичево се од проектантски и технички аспект. Бочварски посочи дека тој како министер и Владата не бегаат од одговорност пред јавноста и дека се работи на надминување на состојбите. Се консултираат фидик-експертите и научната фела, за која нагласи дека не била консултирана при проектирањето во првата фаза од изградбата на делницата.

-Државата и наредниот период ќе продолжи да работи на трасата, со решавање на косините и свлечиштата, надминивање на спорните точки и новонастанатите проблеми на проектот. Треба да се отвори постапка за дополнително проектирање, потоа да се свика ревизија на таа проектна документација, од која ќе произлезе и предмет-пресметка што ќе ги даде количните и начинот на новата реализација односно решевањето на тие косини, по што ќе влезе механизацијата да работи на трасата според новата проектна документација, рече Бочварски кој посочи дека и во извештајот од фидик-експертот се посочуваат проблеми во техничко-проектната документација.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Средба на претседателот Пендаровски со eвроамбасадорот Гир

Следно

40 години затвор за програмерот што протече тајни на ЦИА до Викиликс

Latest from Blog

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во
Go toTop