Бочварски до Кочовска: Не прифаќате да се зголеми минималната плата – работниците ви се на последно место

December 18, 2024
1 min read

Пратеникот на СДСМ Благој Бочварски од собраниската говорница ја запраша министерката за финансии дали сега во овие услови на растечки цени и инфлација ќе прифати предлогот на СДСМ за покачување на минимална плата на 450 евра.

„Упорно не го прифаќате барањето на СДСМ за покачување на минималната плата на 450 евра, иако искуствата покажуваат дека секогаш кога ќе се покачи минималната плата, има спирално покачување и на останатите плати, а граѓаните заработените пари повторно ги враќаат во економијата“, истакна Бочварски

Во рамките на собраниската седница посветена на пратенички прашања, Бочварски, потсети дека ВМРО-ДПМНЕ пред избори вети раст на платите веднаш, а со новиот Буџет за 2025 година најави „позитивни изненадувања за сите работници“.

„Изненадувања видовме, но не позитивни. Имаме раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%, наспорти стагнација на минималната плата, а со тоа и на сите плати.. Со оглед на ваквото темпо на раст на трошоците за живот, веќе треба да се зборува за 500 евра минимална плата, за да се обезбеди достоен живот за работниците“, рече Бочварски, додавајќи дека растечката инфлација и социјална несигурност, животниот стандард на работниците е очигледно последен на листата приоритети на Владата.

„За овие 7 месеци од вашето владеење, не видовме ниту еден потег, ниту една мерка, со која што ќе го подобрите семејниот буџет и животот на работниците. Ова што гледаме дека е во вашиот фокус е на пример раст на буџетот на 6,5 милјарди евра, како што вие кога бевте опозиција велевте надуван балон, или на пример фокусот е на новите задолжувања, но не и растот на стандардот на граѓаните“, нагласи Бочварски, додавајќи дека земјите во соседството преземаат сериозни мерки за зголемување на минималната плата.

Тој потсети дека долги години, во времето на ВМРО ДПМНЕ работнците земаа 8.000 денари минимална плата.

„Владата на СДСМ, зголемуваше плати во време на незапаметена пандемија и во време на војна, на економско-енергетска криза и со тоа покажавме дека може да се направи скок но растот на платите кога политиките во тој дел се јасни. За прв пат Владата на СДСМ ја зголеми платата минималната плата во државата за 100 проценти во однос на 2016 година, односно на сегашните 22.567 денари“, рече пратеникот на СДСМ Благој Бочварски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије ќе продолжи со поддршката на единството и мирот на либанскиот народ

Следно

РУСКАТА ПУБЛИКА ГО ИЗБРА ИВАН ПОПОВСКИ ЗА НАЈДОБАР РЕЖИСЕР ЗА 2024

Latest from Blog

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената
Go toTop