Блуши: Илир Мета е политички затвореник, ако нешто му се случи во затвор, одговорен е Рама

October 24, 2024
1 min read

По соопштување на одлуката на Специјалниот суд за затворски притвор на Илир Мета, генералниот секретар на Партијата на слободата, Теди Блуши, синоќа изјави дека “Илир Мета од денеска е политички затвореник, а тоа е поради заробената правда која е во служба на премиерот Еди Рама”.

– Политичката одлука на камиказите на Специјалниот суд да го остават во затвор претседателот на Партијата на слободата, Илир Мета, диктирана од антиалбанската мафија и нарачана од Рама, е сериозен чин кој го потврдува падот на правната држава и гушење на правдата, ставени во служба на нарко-државата, рече Блуши.

Тој додаде дека “оваа срамна и одвратна одлука на судот против опозицијата го потврдува втурнувањето на Албанија во диктатура”. 

-Оваа одлука не е ништо друго туку продолжување на чистата терористичка агресија на нарко-државата врз Илир Мета, Партијата на слободата, плурализмот и демократијата што ја консумираа Алтин Думани и поранешниот диктаторски обвинител, Арбен Краја, обвини тој. 

Блуши рече дека опозицијата ќе го засили политичкото дејствување и додаде дека “доколку нешто му се случи на Мета во затвор, Еди Рама ќе сноси лична одговорност”.

-Чинот на апсењето на Мета доаѓа по сценариото за негова физичка елиминација, што потврдува дека имаме заробени правосудни институции кои се претворија во платени убијци на опозицијата. Илир Мета денес е политички затвореник поради неговите ставови во одбрана на националниот интерес. Еди Рама ја помина секоја црвена линија. Единствен начин е да се бориме заб за заб, посочи Блуши.

Вчера доцна попладне, по четири часовна расправа, Специјалниот суд против организиран криминал и корупција му ја потврди мерката “затворски притвор” на Мета и тој е префрлен во затворот “313” кој се смета дека е со висок степен на безбедност. 

По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, тој беше уапсен во понеделникот во населбата ” Лапрак” во Тирана, при враќање од Косово.

Се товари за корупција, перење пари и непријавување имот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Следно

Најстудено утрово во Берово со минус три степени, најтопло во Крушево со осум

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop