Блокирани мостот Газела и Бранков мост на протестот „Србија против насилството“: Не си одиме додека властите не одговорат на барањата  

May 19, 2023
2 mins read

Граѓаните кои се одзваа на повикот на дел од опозицијата се собраа кај Газела, Нов Белград, Бранков Мост, но крајот на колоната е сè уште е сред улицата Кнез Милош која е недалеку од Собранието на Србија, каде што започна протестот. Огромниот број присутни на протестот извикуваат „Вучиќ оставка“ и „Вучиќ оди си“

Во исто време кога започна протестот „Србија против насилството“, српскиот претседател Алексанадар Вучиќ зборуваше на митингот на неговата Српска напредна партија во Панчево, во близина на Белград

Десетиците илјади граѓани кои денеска излегоа на третиот по ред протест под слоганот „Србија против насилството“ го блокираа мостот Газела – најфрекфентниот мост во Белград, како и Бранковиот мост, кој го поврзува Нов Белград со стариот дел на градот. 

Илјадници граѓани го блокираа мостот Газела/Фото: Нова.рс

Граѓаните кои излегоа на протестот на повик на дел од опозицијата за да го изразат своето незадоволство од реакцијата на српските власти по двете масовни убиства на почетокот на мај во кои беа убиени 18 лица порачаа дека нема да се повлечат додека властите не ги исполнат нивните барања.  

Пратеникот во срппскиот Парламент и лидер на опозициската Заедно за Србија, Небојша Зеленовиќ порача дека „уште не си одат дома“. 

„Драги луѓе, храбри граѓани, уште не си одиме дома, голема колона отиде до Бранков мост и го блокираше мостот, сега се враќаат овде, да ги почекаме, да се рашириме и да покажеме дека има простор за сите слободни луѓе што мислат. Повеќе да не ни се повторат ниту Рибникар ниту Младеновац. Нема заминување додека не се исполнат сите наши барања.Кога ќе не стават во формати во кои може да се одвива животот, тогаш воопшто не им е грижа. Затоа сме тука, бидејќи кога сме тука, сè застанува. Имаме цела ноќ да разговараме“,

рече тој, пренесува Н1. 

Се проценува дека колоната од протестниот марш е долга повеќе од два километри.  

Граѓаните кои се одзваа на повикот на дел од опозицијата се собраа кај Газела, Нов Белград, Бранково Мост, но крајот на колоната е сè уште е сред улицата Кнез Милош која е недалеку од Собранието на Србија, каде што започна протестот. 

Илјадниците граѓани кои излегоа на денешниот протест под слоганот „Србија против насилството“/Фото: Нова.рс

Огромниот број присутни на протестот извикуваат „Вучиќ оставка“ и „Вучиќ оди си“. 

Во исто време кога започна протестот „Србија против насилството“, српскиот претседател Алексанадар Вучиќ зборуваше на митингот на неговата Српска напредна партија во Панчево, во близина на Белград. 

Ден пред протестот во парламентот на Србија почна расправа за безбедносната состојба во земјата и околностите кои довеле до двете злосторства.  

Седница на Собранието на која ќе се расправа за безбедноста, беше едно од барањата на протестот.  

Меѓу другите барања на граѓаните кои по трет пат излегуваат на протестот се и оставка на министерката за полиција Братислав Гашиќ и директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Александар Вулин. 

Тие бараат и смена на Регулаторното тело за електронски медиуми, затворање на таблоидите кои пропагираат насилство и го прекршуваат кодексот и одземање на националните фреквенции од телевизиите Пинк и Хепи.  

Се бара и откажување на програмите кои промовираат насилство, како што се реалните шоуа.  

По трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“, министерот за образование Бранко Ружиќ поднесе оставка. 

За потсетување, на 3 мај 13-годишен ученик уби осум ученици и еден чувар и рани шест ученици и еден наставник. Во пукањето, тешко беше рането девојче кое по неколку дена им подлегна на повредите во болница и таа е десеттата жртва во масакрот.  

Еден ден подоцна, на 4 мај, во селата Мало Орашје и Дубона во близина на Белград, 21-годишен напаѓач уби осум, а рани 14 лица. Напаѓачот е уапсен и го призна делото.  

По двете трагедии, надлежните го зголемија полициското присуство во училиштата, а во тек и акција на Министерството за внатрешни работи на Србија за доброволно предавање на нелегалното оружје.   

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Десетици илјади излегоа на третиот протест „Србија против насилството“: Вучиќ, оди си – извикуваа граѓаните пред српскиот парламент 

Следно

На фестивалот КРИК гостува Мaргрет Гребович

Latest from Blog

Првпат во Македонија: Пациентите добиваат лесно достапна ласерска интервенција за варикозни вени

(Скопје,13.09.2025) — Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистински напредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која

Меџити најавува револуција во Чаир: Над 760 илјади евра за нови улици и зелени површини

Населбата Топана во Чаир ќе добие значајни инвестиции од над 760 илјади евра за реконструкција на улиците и урбаната инфраструктура. Проектот вклучува нов асфалт, современи тротоари, целосно ново осветлување, паркинзи и зелени

Ѓорѓиевски: Пожарите околу Скопје не се случајни, некој создава вештачка криза пред избори

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, порача дека постојат основани сомнежи дека пожарите кои деновиве избувнуваат околу Скопје се намерно подметнати за создавање вештачка криза во пресрет

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДС-ДУИ задушени од народниот пораз, решија да го задушат и Скопје

Злосторничкото здружение ДУИ–СДС, неможејќи да го прифати фактот дека се поразени и дека граѓаните ја враќаат државата на прав пат, прибегнува кон најопасни и криминални методи. Наместо политики, подметнуваат чад и отров
Go toTop